Матурска парада со квадрил

  • Петок, Мај 18 2018

 


Гевгелиските матуранти денеска точно напладне на шеталиштето „Маршал Тито“ во центарот на градот го одиграа познатиот матурски квадрил што е дел од меѓународната манифестација „Матурска парада“.

Заедно со разиграните гевгелиски матуранти годинава танцуваа и матурантите од уште 5 града во Македонија и уште 62 града од Балкакот и Европа.
Во ритамот на квадрилот со чадорчиња, прегратки и наклони истата матурска парада во исто време на пладне ја одиграа и матурантите од Скопје, Струга, Охрид, Струмица и од Куманово. Меѓународниот карактер на настанот го споделуваат матуранти од градови низ Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска, Црна Гора.

Освен убавата музичко-танцова гледка за намерните и случајните минувачи на шеталиштето кои со љубопитност ја проследија годинашната „Матурска парада“, настанот има за цел и да испрати порака за не насилство и толеранција.



Во завршниот дел од оваа манифестација беше искажувана „Заклетва“ за не насилство од страна на учесниците во сите градови во земјите во кои се одржува „Матурската парада“.

На тој начин не само што во исто време на иста музика во различни градови танцуваат младите, новите полнолетни граѓани на модерната општествена заедница се зарекоа да го градат светот на иднина, во исто време од различни делови на Европа ја испраќаат пораката за ненасилство и толеранција.

Организатор на настанот е СОУ„Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија, а покровител општина Гевгелија.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.