Вучиќ со своја фигура во кафана

  • Петок, Јун 01 2018

 


Сопственик на кафеана во Чукарица, Србија на централната маса од угостителскиот објект поставил гипсана фигура од претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија, Александар Вучиќ.

- „ Ова не е провокација. Идеата да се постави скулптура на претседателот на Србија во кафеаната беше од маркетиншка природа. И се покажа како чист погодок“, изјавува сопственикот на кафаната Звездан Пејовиќ.

Пејовиќ не го рекламирал својот објект, но сликите на гостите прегрнати со претседателот оживеале на социјалните мрежи, па оваа кафеана станала нашироко атрактивна, споменувана и зборувана низ Белград, па дури и пошироко.

Пејовиќ вели дека реакциите биле поделени и прераскажа една случка кога двајца „напредници“ (членови на Српската напредна странка на Вучиќ) влегле во кафеаната и, кога го виделе Вучиќ, застанале мирно на средината од кафаната.

Дури кога дошле присебе од возбуденост виделе дека тоа е скулптура, па му рекле на сопственикот: "Ама не' пресече. Ние мислевме дека тоа е навистина нашиот командант", раскажува Пејовиќ.

ФОТО: Фигура на Александар Вучиќ поставена како гостин во централниот дел на кафаната во Чукарица

Тој додава дека има и такви кои ставаат рогови врз скулптурата, а девојките често му седнуваат во скут и се сликаат.

"Тоа не е дозволено. Го сакаат или не го сакаат Вучиќ, функцијата на претседател мора да се почитува", оценува креаторот на ова провокативна маркетиншка идеја Звездан Пејовиќ.

Од кабинетот на Вучиќ нема реакции, а Вие може да погодувате и оценувате „Дали ова ви личи на претседателот на Србија Вучиќ, или не?“

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

Уапсен екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакомовски

За Јакимовски и двајца од Општина Карпош ОЈО ќе бара притвор, осомничени се

Повеќе

Директни летови на „Визер“ од Охрид за Малме и Милано

Од денеска стартуваа првите летови на нововоспоставените директни линии што ги

Повеќе

Русија го призна новото уставното име на Македонија

Руската Федерација денеска ја призна Република Северна Македонија

Повеќе

АМСМ: Поради сообраќајка затворен автопатот Градско-Велес

Сообраќакот се одвива по регионалниот пат Градско-Велес

Повеќе

Богданчани - најдобри математичари

Ваквата титула ја заслужија учениците од ОУ „Петар Мусев“ од Богданци кои на

Повеќе

Паднаа пресуди од 211 години затвор за Крвавиот четврток

Митко Чавков, како носител на „златна команда“ доби казна од 18 години затвор и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.