Топ Новости

На Светско со картонскиот другар

  • Вторник, Јун 19 2018

 

Седум мексикански другари со години правеле план како да стигнат до Светското првенство во Русија. Со таа цел купиле стар школски автобус, го исфарбале во националните бои на Мексико и со брод од Мексико требало да тргнат до Шпанија.

Но, пред тргнувањето во април, кога бил резервиран бродот кој требало да ги префрли до Шпанија, Хавиер еден од другарите ги известил останатите дека „жена му не го пушта“. Во чест на другарот Хавиер сепак тие на „креативен начин“ решија да го земат со себе.

- Хавиер ни кажа „Мојата сопруга нема да дозволи да дојдам“, па затоа не можеше да ни се придружи, но решивме да го изведеме без дозвола".

Со таа цел Хавиер го иштампале во природна големина на картон во маица со натпис „Жена ми не ме пушта“ и тргнале на пат кон Москва.

Попатно сегде се сликаат со Хавиер: во Шпанија, во Амстердам, во Берлин, по хотели, по барови, пивници, каде Хавиер ужива заедно со нив и не пропушта ништо од нивната авантура на Светско, ама во картонско издание.

Можеби иронично, по сите овие напори, седумчлената мексиканска група навивачи досега не успеала да добие какви било билети за натпреварите на својот тим и покрај нивните најдобри обиди. Но, судејќи според нивните фотографии, прославувањето на победата на Мексико над Германија беше исто толку радосно на улиците, како што беше во стадионот Лужники, а фудбалската авантура се' уште е на почеток.



 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

„Дојран – Туристички бисер на Југоисточна Македонија“

Меѓународен грант од 1,5 милиони евра за општина Дојран одобри Европската

Повеќе

Опозицијата во Унгарија бара Груевски да биде екстрадиран во Македонија

Унгарските опозициски партии ја повикаа Владата на Унгарија да го уапси и брзо

Повеќе

Објавен меѓународен тендер за регулација на коритото на Сува река

Општина Гевгелија минатата недела го објави првиот меѓународен тендер во овој

Повеќе

МВР со постапка за меѓународна потерница за Груевски

Попладнево, Министерството за внатрешни работи започна постапка за распишување

Повеќе

Груевски се јави

Жив и здрав е и во Будимпешта е

Повеќе

Започна реконструкцијата на патот Гевгелија - Негорци

Од вчера на терен е градежна механизација која започна подготвителни работи за

Повеќе

Распишана потерница по Груевски

По барање на Кривичниот суд, денес МВР во 16:30 распиша потерница по екс

Повеќе

Една година локална власт во Гевгелија

Прес на градоначалникот на општина Гевгелија - Сашо Поцков за остварувањата во

Повеќе

Прва награда за гевгелиските ученици Софија и Илија на „Месецот на науката 2018“

Вториот ден од манифестацијата „Месец на науката 2018“ што се одржа во

Повеќе

Париз ја собра светската елита

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.