НАСА испраќа сонда кон сонцето

  • Среда, Јул 11 2018

 

Вечното прашање „уште колку ќе не обезбедува со енергија нашето Сонце“ ќе биде дел од најновата мисија на НАСА. 

Американската вселенска програма „НАСА“ привршува со тестирањата на сондата Паркер, која наскоро ќе биде испратена кон Сонцето. Агенцијата ќе го лансира леталото на 4 август годинава, и предвидено е доближување на рекордно мало растојание до нашата ѕвезда.

Мисијата, која би требало да трае седум години, има за цел да се дојде на околу 6,1 милион километри од Сонцето. За споредба, најблискиот објект од Сончевиот Систем, планетата Меркур е 46,6 милиони километри оддалечена од него.

За својата цел, НАСА изработи нов тип топлински штит изработен од јаглеродни влакна и „посебна бела формула", која ќе треба да одбие што повеќе топлина. Леталото ќе биде изложено на температура од околу 1.370 степени Целзиусови. Ако штитот работи според планот, тоа ќе треба да обезбеди работна температура на електронските компоненти од околу 29 степени Целзиусови.

Сондата е именувана според астрономот Јуџин Паркер, кој меѓу друго, е познат по теоријата за т.н. Сончев ветар.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.