На Марс открено "езеро" со вода
Топ Новости >

На Марс открено "езеро" со вода

  • Сабота, Јул 28 2018

 

Истражувачите откриле докази за постоечко тело на течна вода на Марс.

Она што тие веруваат дека е езеро се наоѓа под јужната поларна капа на планетата и е околу 20 километри.

Претходните истражувања откриле можни знаци на наизменична течна вода што тече на површината на Марс, но ова е првиот знак на постојано тело на вода на планетата во денешно време.

Езеровите „кревети“, беа присутни на површината на Марс во минатото.

Сепак, климата на планетата оттогаш се лади поради својата тенка атмосфера, оставајќи поголемиот дел од својата вода да се претвори во мраз.

Резултатот е возбудлив, бидејќи научниците веќе долго време бараа знаци на денешна течна вода на Марс, но досега не покажале резултати на присуство на вода, или дадоа двосмислени наоди. Ова откритие посебно ќе ги интересира оние кои ги проучуваат можностите за живот надвор од Земјата - иако ова сè уште не ги зголемува можностите во потрагата по биолошки поинакви форми на живот на Марс.

Д-р Маниш Пател од Отворениот Универзитет објасни: "Одамна знаеме дека површината на Марс е непријатно на живот како што го знаеме, па затоа потрагата по живот на Марс сега е во подземјето. Овој принцип на следење на водата е клучен за астробиологијата - изучување на потенцијалниот живот надвор од Земјата“.

Откритието беше направено користејќи Марсис, радарски инструмент на орбитата на „Марс Експрес“ на Европската вселенска агенција (Esa).

Положбата на откриеното езерото е под мраз во близина на јужниот пол на Марс. "Веројатно не е многу големо езеро", проценува проф. Роберто Оросеи од италијанскиот Национален институт за астрофизика, кој ја предводеше студијата.

Марсис не беше во можност да утврди колку е дебел слојот на вода, но истражувачкиот тим проценува дека тоа е минимум еден метар.

"Ова навистина го квалификува ова како вода. Езеро, а не некоја мала вода која пополнува простор помеѓу карпите и мразот, како што се случува во одредени глечери на Земјата", додаде професорот Орозеи.

Со цел да остане течна во такви ладни услови (истражувачкиот тим проценува дека температурата на езерото е помеѓу -10 и -30 Целзиусови степени каде што се среќава со мразот погоре), водата најверојатно има многу соли растворени во неа.

"Веројатно е дека водата може да биде екстремно ладна, концентрирана саламура, што би било доста предизвик за живот", објаснува д-р Клер Браунс, астробиолог од Универзитетот Сент Ендрус, Велика Британија.

Областа е споредена со езерото Восток, кое лежи 4 километри под мразот на Антарктикот. На Марс треба да се изведат бушотини од 1,5 километри, а таква машитерија за дупчење во вселената се' уште е недостаток за ова ново на мисијата.
"Ќе има потреба од летање на робот кој е способен за дупчење преку мраз од 1,5 км. Ова сигурно ќе бара некои технолошки достигнувања кои во моментот не се достапни", велат научниците.

Наодите биле пријавени во списанието „Science“.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се асфалтира улицата „Едвард Кардељ“ во Нов Дојран

Летото е период на засилена градежна активност за подобрување на инфраструктурата во Општина Дојран

Повеќе

Младите активни во евроинтеграцијата на Македонија

Во Струмица утре  - Работилница за врсничка едукација за Европската Унија и улогата на младите 

Повеќе

Владата со промотивна и информативна кампања за референдумот

Кампањата ќе се води согласно стандардите за јавни коминукации од интерес на јавноста и тоа релевантност, објективно и информативно комуницирање, непартиски комуникации, како и пропорционалност и

Повеќе

Бесим Деари привремено ќе раководи со БЈБ

Владата го разреши дирекорот на Бирото за јавна безбедност и на негово место привремено го постави досегашниот заменик директор 

Повеќе

Одбележан уменскиот панаѓур „Св. Пантелејмон“

Традиционално и годинава во организација на Месната заедница од село Ума, се одржа уменскиот панаѓур „Свети Пантелејмон“ во чест на верскиот штитеник по кој е насловена и тамошната црква

Повеќе

Летната опуштеност ги раздвижи крадците

За една недела извршени девет кражби во Гевгелија

Повеќе

Разрешувањето на директорот на БЈБ пред Влада во вторник

Владата во вторник ќе решава за разрешувањето на Лазе Велковски, а дали ќе има и постапка за кривична одговорност за злоупотреба на службена должност и овластувања засега нема најави од МВР

Повеќе

Мерка дисциплинска постапка за воспитувачката во гевгелиска градинка

За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот, но и да има одговорност за направениот инцидент

Повеќе

Елаборатот за штетите од невремето во подготовка

Владата треба да ги обештети земјоделците и правните субјекти по усвојувањето на елаборатот од страна на Советот на општината и второстепената комисија за елементарни непогоди

Повеќе

Гевгелија ги чествува двата Илиндена

Честит празник! Да ни е вечен Илинден!

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.