Топ Новости

Видео: Роботи ги заменуваат келнерите

  • Четврток, Авг 16 2018

 

Во кинеската метропола Пекинг, во последно време роботите сè почесто стануваат замена за човечкиот труд. Најновиот сектор кој стана мета за роботизирање се рестораните, пренесува технолошкиот портал Phys.org.

Мал робот келнер се упатува кон масата на гостите, го крева стаклениот капак под кој се открива топлата плоча со јастог подготвен на шангајски начин. Притоа роботот бавно и со механички тон најавува: „Уживајте во вашиот оброк“.

Концептот за футуристички ресторани е најнова иницијатива на кинескиот гигант за интернет-трговија „Алибаба“. Главна цел на нивните роботи е зголемување на ефикасноста и намалување на трошоците за работна сила.

 

„Во Шангај келнерот чини и до 10.000 јуани (1.500 долари) месечно. Тоа се стотици илјади долари на годишно ниво. Од друга страна, нам ни требаат луѓе што ќе работат во две смени“, вели Као Хаитао, продукт-менаџер на компанија „Алибаба“ и креатор на овој концепт.

Но, за роботите не се потребни две смени и тие може да работат секој ден. Рестораните се поврзани со новиот синџир полуавтоматизирани супермаркети „Хема“, каде што клиентите ги пополнуваат своите картички за пазарење преку мобилна апликација, а производите им се доставуваат на подвижна лента или директно до нивниот дом.

„Алибаба“ во моментот има 57 маркети „Хема“ во 13 кинески града, од кои сите планираат да воведат роботизирани ресторани.

Сепак, индустриските експерти веруваат дека ваквите ресторани повеќе служат како показател за технолошката надмоќност на „Алибаба“ отколку како сериозен бизнис-модел во земја со релативно ниски трошоци за работна сила.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пречистителна станица кај Вардар утре ќе биде предадена во употреба

Капиталниот проект вреден 10,6 милиони евра е реализиран со трилатерална

Повеќе

Гевгелија од хотелски станува и транзитен угостителски центар

Гевгелија освен транзитна делница од меѓународниот пат „Пријателство“ стана и

Повеќе

Владата ги намалува тарифите на нотарите и извршителите

Извршителите повеќе нема да можат да наплаќаат енормно високи суми од граѓаните

Повеќе

Ветровита Гевгелија

Веќе 21 час Гевгелија е под ветровит налет со јачина од 50 до 70 километри на

Повеќе

Министерот Димитров денес во Миравци

Министерот за Надворешни работи Никола Димитров денес на граѓанска трибина во

Повеќе

Европската Унија со грантови за 30 општини во државата

Еден милион евра од Европската Унија наменети за развојни планови на 30 општини

Повеќе

Откриени 120 илегални мигранти во гевгелиско и Богданци

Во две одделни акции на МВР спроведени на 22 и 23 септември во реонот на

Повеќе

Заев: Европа е во Гевгелија, затоа треба да одговориме со ЗА на европските

Трибина „ЗА европска Македонија“ со коалицијата „Излези ЗА“ одржана вечерва во

Повеќе

„ЗА европска Македонија“ во Богданци

Премиерот Заев во Богданци: Вашингтон и целиот свет оддаваат признание на

Повеќе

Велосипедско дефиле

Гевгелија преплавена од велосипеди по повод 22 септември - Меѓународниот „Ден 

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.