Сребрен медал за иновација за кумановецот Борис Секирарски

Среда, 24 Октомври 2018

На интернационален саем за иновации во Хрватска помеѓу 150 иновации од повеќе земји, македонскиот изумител Борис Секирарски се закити со сребрен медал за уредот ЕЛИФ и апликацијата МЕЛИФ кој укажува на опасности од врнежи и поплави

 

 

На интернационален саем за иновации во Хрватска помеѓу 150 иновации од повеќе земји, македонскиот изумител Борис Секирарски се закити со сребрен медал за уредот ЕЛИФ и апликацијата МЕЛИФ кој укажува на опасности од врнежи и поплави.

Меѓународниот саем се одржа од 18 до 20 октомври годинава во Загреб.
Кумановецот Борис Секирарски овде го претстави својот уред за електронски водена интернет прогноза, или популарно наречена ЕЛИФ (Electronically Leed Internet Forecast). Покажувачот кој наликува на семафор ги покажува можностите за обилни врнежи и поплави на одредено место во одреден момент, а главна цел е да спасува животи со точно укажување на опасности од брзи поплави.

За истиот уред Секирарски годинава доби и Златен медал на „ИНОВАМАК 2018“.

Секирарски е професионален метеоролог со триесетгодишно работно искуство и своите знаења ги преточил во уред - прогнозер на поплави. Тоа е сервер кој на секои 15 минути подготвува нови пресметки за критични региони кај нас и на неколку места во Балканот. Апликацијата МЕЛИФ е наменета за андроидните уреди кои преку оперативен систем ги добиваат информациите за нивоата на опасност и ги покажува како семафор кој излегува на апаратот доколку корисникот на уредот се наоѓа во зоната на опасност од поплави.

Иновациите ЕЛИФ и МЕЛИФ на метеорологот Борис Секирарски беа изложени и прикажани на Интернационалната изложба за иновации ARCA и Меѓунарониот саем на земјоделски иновации AGRO ARCA организирани од Хрватската Асоцијација за иновации, годинава одржана по 16-ти пат, во Националната универзитетска библиотека во Загреб.

 

Last modified on Среда, 24 Октомври 2018 - 14:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Првите капачи во Дојран

Сончевите денови од топлиот продолжен викенд со температури до 29 и 30 степен

Повеќе

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.