Војаџер 2 навлезе во меѓуѕвездениот простор

  • Вторник, Дек 11 2018

 

 

Вселенската сонда Војаџер 2 по 41 година ја напушти хелиосферата на Сонцето и веќе официјално се наоѓа во меѓуѕвездениот простор. Овде сончевиот ветер од јонизирани честички скоро да не допира и најголемиот дел од космичкото зрачење потекнува од други ѕвезди или други галаксии.
Вселенската сонда Војаџер 2 била лансирана на 20 август 1977 годна во мисија да ги истражи одблизу гасовитите џинови Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Сè што знаеме за Уран и Нептун е единствено со помош на ова вселенско летало. Сега Војаџер 2 се придружува на Војаџер 1 кој ја напушти хелиосферата на 25 август 2012 година, заедно да скитаат во длабоката вселена во различни насоки низ нашата галаксија независно од Сонцето.

 



Војаџер 2 моментално патува со 55.000 км/ч и се наоѓа на оддалеченост од 120 астрономски единици или 18 милијадрди километри од нас. На таа оддалеченост Сонцето е ’само’ ѕвезда чиј сјај е еднаков на 100 W сијалица набљудувана од 20 метри.
За разлика од Војаџер 1, Војаџер 2 ќе продолжи да испраќа податоци за особините на космичкото зрачење во тој дел од вселената барем уште една година.

На вселенските летала Војаџер има плоча на која се запишани основни податоци од позицијата на нашата земја, изгледот на луѓето и детали за декодирање на информациите, а од другата страна има бразди од грамофонска плоча со запис на звуци од земјата и поздрави на различни јазици.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.