Низ времето - На денешен ден

  • Недела, Фев 03 2019

 

 

1809 - Во Хамбург е роден Феликс Менделсон, германски композитор, пијанист и диригент;

1917 - Прва светска војна: САД ги прекинаа дипломатските односи со Германија, откако Берлин соопшти дека ќе започне војна со подморници;

1919 - Во Париз била одржана првата седница на Друштвото на народите, девет дена по основањето на првата светска организација;

1943 - Втора светска војна: Британските авиони го бомбардираа германскиот град Хамбург;

1945 - Втора светска војна: Американските авиони исфрлија 3.000 тони бомби над Берлин;

1936 - Роден е Александар Џамбазов, македонски диригент и композитор, кој целиот работен век го минал во Македонската Радио Телевизија како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Татко е на познатиот шоумен Игор Џамбазов;

1966 - На Месечината се спушти првото летало лансирано од Земјата, советскиот вселенски брод без посада „Луна IX“, по што почна да емитува радиосигнали;

1969 - Палестинскиот национален конгрес го избра Јасер Арафат за шеф на Палестинската ослободителна организација;

1973 - Во Јужен Виетнам на основа на мировниот Договор потпишан во Париз стапи во сила прекин на огнот. Со Договорот беше предвидено САД да ги повлечат своите трупи, а Владата во Сајгон и Фронтот за национално ослободување на Јужен Виетнам да формираат „Национален комитет за национално помирување“. Силите на Фронтот со помош на северновиетнамската Армија во април 1975 година ги поразиле владините трупи во Сајгон и американската војска, а марионетскиот режим се распадна;

1981 - Гро Харлем Брунтланд по оставката на Одвар Нордлиј е избрана за прва жена премиер на Норвешка;

1992 - Аргентинскиот претседател Карлос Менем потпиша Декрет за отворање на сите документи за нацистите кои по завршувањето на Втората светска војна пребегнаа во Јужна Америка;

1994 - Американскиот претседател Бил Клинтон го укина трговското ембарго воведено спрема Виетнам во 1975 година, по поразот на американските војници во таа земја;

2002 - Во сообраќајна несреќа, загина Петранка Костадинова, позната македонска пејачка на народни песни. Незаборавни останубваат нејзините интерпретации на песните „Не кажувај либе добра ноќ“, „Во Струмица на улица“, „Мајка“, „Мајсторе, мајсторе“, „Земи си златни ѓердани“ и многу други“.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.