Симболиката и значењето на цвеќињата

Четврток, 07 Март 2019

Секое подарено цвеќе покрај вниманието и убавината на неговите бои носи и порака

 

 

Секое подарено цвеќе покрај вниманието и убавината на неговите бои носи и порака која ја знаат познавачите на нивната симболика.
Овој обичај носи потекло од далечните времиња. Се смета дека неписмените персиски жени под забрана за пишување комуницирале преку цвеќиња.

Ако не го знаете нивното значење и се определуваме само од цената и опаковката, сепак добро е да прочитате за скриениот „јазик“ со кој комуницирале во дамнина дарителите на цвеќиња.


Рози
Кога се зборува за пораката која ја пренесуваат цвеќињата, ружите се оние кои се најразновидни: Една ружа е доволна ако сакаме да порачаме “Сè уште те сакам“, а ружа без боцки “Љубов на прв поглед“.
Белите рози ја симболизираат невиноста, убавината и шармот, црвените рози испраќаат порака на страст и разгорена љубов. Темнорозовите рози се користеле за изразување на благодарноста, додека розите во крем боја ја симболизираат верноста и лојалноста во бракот.

 

Лале
Лалињата се симбол на бесмртна љубов, па затоа ако планирате венчавка на пролет, не постои подобар начин да ја изразите својата љубов кон вашиот иден сопруг/а од тоа да носите букет од лалиња.

Хризантеми
Тие се омилено цвеќе на многумина, иако поретко се користат како подарок. Малкумина знаат дека токму хризантемите ја симболизираат романтиката и невиниот, чист дух.

Каранфил
Каранфилот означува нова љубов и фасцинантност. Букет од каранфили означува срдечност. И каранфилите се чест избор за подарување цвеќе, посебно заради тоа што нивната цена е прифатлива.

Антуриум
Антуриумот во силно црвена боја симболизира желби за добро здравје и животна сила. Слично значење има и антуриумот во бела или розова боја, кој исто така симболизира нежно пријателство.

 

Орхиеја
Орхидејата во саксија, како гранка или пак како поединечен цвет се знак на длабока почит и пријателство и со нив се изкажува нежност и приврзаност.

Кали
Калите се префинети цвеќиња кои потсетуваат на минатите генерации кога префинетоста и убавината биле строго правило. Поврзани со елеганцијата и шармот, калите се совршен цвет за создавање на софистицирана атмосфера.

Гербер
Герберот ја симболизира убавината, невиноста и чистотата. Овој цвет може да се најде во повеќе бои, кои заедно во комбинација означуваат поттик и енергичност.

Бел крин
Белиот крин означува убавина, класа и стил. Овој ориентален цвет е познат како доста скап и драматичен. Личноста која подарува бел крин е софистицирана и одлично ја познава личноста за која е наменет цветот.

 

Last modified on Четврток, 07 Март 2019 - 00:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Чествување на Светите Кирил и Методиј

Гевгелиската епархија и Црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија денеска и

Повеќе

Одбележан Патрониот празник на ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Патрониот празник на Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“ од Гевгелија

Повеќе

Заев ги разреши сите претседатели на Општински ограноци на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека донел одлука за разрешување на сите

Повеќе

СДСМ: Социјалната помош ќе порасне за 300 % од сегашните 3.900 денари

Собранието на РСМ денеска го изгласа новиот Закон за социјална заштита кој ќе

Повеќе

Работилница за кинези терапија на „Мобилност“ Гевгелија

Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Гевгелија, вчера во

Повеќе

Видео: Заев во Србија на отворањето на Коридор 10

- „Се радуваме на успешните потфати на сите наши соседи“ рече Премиерот Зоран

Повеќе

Матурска парада во Гевгелија по 13-ти пат

Сто и педесет гевгелиски матуранти денеска во центарот на Гевгелија по 13-ти

Повеќе

ЦИВИЛ: Да се укинат неразумните и прескапи повластици и привилегии за

ЦИВИЛ – Центар за слобода бара од законодавната и извршната власт да стават

Повеќе

Наградени ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци

Први по македонски, втори по математика, пофалени за англиски јазик, тоа е

Повеќе

Заев ги најави критериумите за „Метлата“

Промени на раководните структури на министерско ниво, во државните институции,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.