Топ Новости

НАСА плаќа 16.500 евра за лежење

  • Недела, Мар 31 2019

Плата од соништата - Наса бара доброволци за лежење и гледање телевизија за плата од 16.500 евра

 

 

НАСА на волонтери ќе им плати 16 500 евра да поминат два месеци во кревет за да им помогнат на научниците да ги намалат последиците од вселенското патување на астронаутите .

Меѓутоа, иако тоа изгледа како работа од соништата, помислата на постојано лежење не е баш примамлива, пренесуваат британски медиуми.

Мажи и жени, 24 од нив, ќе бидат поделени во две групи и сместени во една соба. Од нив ќе се бара да работат се' во лежечка положба - од јадење па и вршење нужда.



Фото: Експерименталниот простор за доброволците - лежачи

Волонтерите ќе имаат телевизор, ќе може да читаат и да се занимаваат со други активности за да не им биде досадно, пишува „The Sun“.

Учесниците од ова истражување ќе лежат во кревет два месеци за да се утврди како недостатокот на гравитација влијае на човековото тело. Секој од учесниците ќе добие по 16.500 евра плата.

Се работи за заедничка студија на НАСА и Европската вселенска агенција која ќе биде спроведена во Германскиот вселенски центар.
Научниците ќе проверат дали употребата на вештачка гравитација е најдобро решение за заштита на човечкото здравје при долготрајни вселенски мисии” велат од НАСА.

 

Освен тоа што ќе имаат слободно време на претек, организаторите на студијата на идните волонтери им препорачуваат да ги искористат тие два месеци за онлајн курсеви и стекнување нови вештини. Волонтерите ќе лежат во кревет 60 дена, при што телото ќе им биде благо закосено, стапалата малку подигнати, а главата спуштена.

Половина од волонтерите ќе одат на центрифуга во лабораторија, каде што ќе се движат со брзина од 30 вртежи во минута. Откако ќе заврши истражувањето, експертите ќе проверат дали кај учеснциите се намалило губењето на мускулната маса. Научниците се надеваат дека оваа техника ќе им помогне на астронаутите во идните мисии во вселената.

Пријавите се испраќаат на германски јазик, а истражувањето ќе трае вкупно 79 дена. Волонтерите пет дена ќе ја запонаваат програмата, потоа ќе лежат 60 дена, па ќе одмораат 14 дена.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.