Видео: Научник ја објаснува важноста на носењето маски

Среда, 09 Декември 2020

Научна кратка видео презентација за тоа зошто е важно да се носат маските и како тие функционираат објави Бил Нај, механички инженер и популарен ТВ научник. Со забавно TikTok видео ја објасни значајноста на маските во спречувањето на ширењето на коронаирусот и начинот на кој тие штитат од заразување.
Зошто е важно ова? Затоа што иако голем број од луѓето ја сфатија сериозноста на вирусот откако нивни познаници се соочија со истиот, сепак има уште такви кои одбиваат да носат маска и да се заштитат себеси и околината.

Тој покажува на мапа од САД споредба на заразени случаи во деловите каде се носи и каде не се носи маска, а разликата е очигледна.

Бил објаснува и зошто е невозможно вирусот да минува низ ткаенината на маската (секако доколку користите од препорачаните маски кои штитат против ковид-19, најчесто тоа се KN95 маските).

„Вирусите не патуваат сами, туку преку аеросолите што се испуштаат при плукање. Кога тие капки ќе дојдат до ткаенината и влакната на маската, тие се заглавуваат таму. Ова не е тешко да го разберат сите.“ – вели тој и прикажува со пример како отприлика би изгледало тоа.

“Правила сè уште постојат, дури и во слободните земји. Вие знаете за правилата. Плаќате даноци за целиот пат, но возите само од едната страна. Инаку …” рече тој и покажа што се случува ако луѓето не го следат тоа правило.

“Затоа, ве молам, сите носат маска. Ви благодарам”, вели на крајот Бил кој редовно на своите фанови на ТикТок им објаснува за актуелни прашања. Патем, Нај и пред неколку месеци објави пост за правилно носење маски, во кој што покажа како тие функционираат.

@billnye

I don’t know who needs to hear this but... ##masks work. Wear one. Carry on... ##tiktokpartner ##learnontiktok

♬ original sound - Bill Nye
Last modified on Среда, 09 Декември 2020 - 12:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Со Закон казината и обложувалниците подалеку од училиштата

Со измени на Законот за игри на среќа објектите од овој сектор, казина,

Повеќе

Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот

Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во

Повеќе

Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти

Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта

Повеќе

Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија

Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -

Повеќе

Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ

Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од

Повеќе

Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство

Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,

Повеќе

Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња

Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во

Повеќе

Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис

Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе

Повеќе

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.