Зградата на нарокобосот Ескобар срушена со експлозив

Сабота, 23 Февруари 2019

Светот раскрстува со мафијашите - Во Колумбија, во градот Меделин, уништена е зграда која го чуваше споменот за кралот на кокаинот

 

 

Шесткатна зграда во колумбискиот градот Меделин, каде што некогаш живеел починатиот колумбиски наркобос, Пабло Ескобар, е крената во воздух со цел да се намали бројот на локациите кои сведочат за неговиот живот.

Зградата Монако во богат кварт на вториот по големина град во Колумбија беше уништена вчера (во петокот) со спектакуларна експлозија што создаде огромен црвен облак од прашина.

Во неа се наоѓал стан односно еден од неколкуте домови на Ескобар, кого властите го сметаат за одговорен за околу 6.000 убиства.

Кралот на кокаинот кој годишно заработувал милијарди долари, беше убиен во 1993 година на покривот на една зграда Меделин, познат уште и како градот на вечната пролет, на возраст од 44 години.

Зградата Монако била дел од туристичка рута тематски посветена на животот на Ескобар, кој и натаму важи за еден од најголемите симболи на Меделин.

Сепак, градот се обидува да се ослободи од сеќавањата за познатиот криминалец. Градските власти одамна ја имаа ставено зградата под полициски надзор, така што туристите можеле да ја гледаат само од далеку.

На нејзиното место сега ќе биде изграден парк во спомен на жртвите од шверцoт на дрога, пренесува телевијата РКН.

Колумбискиот претседател Иван Дуке уништувањето на зградата го нарече победа на „културата на легалност“.

– Денеска, зградата падна и надежта се издигна. Невозможно е да се смени минатото, но можеме да изградиме подобра сегашност и подобра иднина, рече тој во изјава за колумбиските медиуми.

 



 

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.