Топ Новости

Матуранти волонтери

Четврток, 14 Март 2019

Цело одделение бара работа за заедничка екскурзија

 

 

Еден оглас за работа во српските медиуми стана вест на денот. Во огласот цело одделение од 32 ученика бара работа за да можат да одат на екскурзија.
Учениците се од Десетта гимназија во Беград кои на овој начин се солидаризираат со своите соученици кои не можат да ги платат трошоците за екскурзија.
Идејата се родила кога започнале подготовките за матурската екскурзија, а дел од учениците се соочиле со проблем бидејќи нивните родители немале пари да платат за неа. Затоа целото одделение одлучило да најде работа, а класната наставничка Драгана Можек седнала и напишала оглас кој веднаш се проширил на социјалните мрежи.

 



Учениците од Десеттата гимназија во Белград се подготвени и на тешка работа, само за да успеат да соберат пари и да им помогнат на своите другарчиња. Меѓу 32 ученици има такви кои ќе ви бидат личен потрчко, некои со задоволство ќе ви ги причуваат децата, а тука се и оние кои се подготвени да држат часови по предметите по кои имаат најдобро познавање.
За физичка работа се квалификувани 13 „рмбачи”.

Класната која го објавила огласот вели дека донациите не се опција и дека целта е учениците сами да ги заработат парите.

Матурска екскурзија, според нив, е нешто што се памети целиот живот, па не постои причина некое од децата да ја пропушти таа шанса.

 

Last modified on Четврток, 14 Март 2019 - 11:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија

Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за

Повеќе

ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.