Топ Новости

Пендаровски со гевгеличани

Четврток, 21 Март 2019

Неформална средба со граѓаните на Гевгелија

 

 

Кандидат за претседател, Стево Пендаровски, поддржан од над 36 илјади граѓани со право на глас за неговата кандидатура на претстојните Претседателски избори во Македонија, и заеднички канидат на 35 партии и граѓански форуми, синоќа оствари неформална средба со граѓаните на Гевгелија, пред да им се придружи на младите на граѓанската трибина посветена за „Перспективи - НАТО и ЕУ“.

Пред присутните, Пендаровски зборуваше за придобивките и перспективите кои се отвораат со членството во ЕУ и НАТО за младите, можноста за нови, поголеми инвестиции, отворањето нови работни места и подобри услови за сите.

Гевгеличани беа, како и секогаш со добредојде наклонети за новиот посетител на нивниот град - некои му посакаа добредојде, некои изразија задоволство што го гледаат во својот град, некои предвреме му честитаа за победата која му ја посакуваат.

 



- „Се кандидирам за претседател за да водам напред. Мојот концепт нуди обединување, заедништво и напредок. Државата конечно тргна по вистинскиот пат, подготвен сум да водам заедно да продолжиме по патот на напредокот. Се обврзувам за доброто на граѓаните, за доборото на младите“, изјави Стево Пендаровски пред гевгеличани.

„Со интеграциите, создаваме можности за младите дома, отвораме перспективи, шанси за подобро образование, работа, пракса. Го гледаме тоа овие денови, странските инвестиции растат. Со полноправното членство тоа дополнително ќе се интензивира. Не смееме да ја изгубиме оваа шанса. Конечно излеговме од изолација, нема веќе враќање назад, ги отворивме европските перспективи и чекориме рамо до рамо со демократскиот свет“, порача Пендаровски од Гевгелија.

 

Фото: Низ шеталиштето „Маршал Тито“ неизоставни минувачи се младите кои со задоволство го поздравија новиот посетител на Гевгелија

 

Last modified on Четврток, 21 Март 2019 - 14:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

Поделени картички за зелена нафта на земјоделци од општина Гевгелија

Со доделување на картички за набавка на субвенционирано дизел гориво за

Повеќе

Исчезна глечерот ОК во Исланд, за еден ден се стопија 12,5 милијарди тони мраз

Граѓаните на Исланд, но и светот, од вчера се збогуваа со глечерот Окјоклур,

Повеќе

Пожарот во гевгелиско изгоре 100 хектари нискостеблеста шума и земјоделски

Пожарот што вчера ги зафати површините со земјоделски насади, полето кај

Повеќе

Актуелно: Опожарена трева покрај железничката пруга кај Давидово го донесе

Со дојава до Пожарна Гевгелија во 11:15 часот денеска е актуелизирана акција за

Повеќе

Гевгелија донира за оштетените од пожарот

Неделниот викенд ден гевгеличани се солидаризираа со оштетените од опожарената

Повеќе

SKY Хотел повторно вработува

Шест месеци по првиот голем оглас за прием на нови работници, SKY хотел во

Повеќе

Експресен пат од ГП Ново Село до Смоквица и Коридор 10

Директорот на Јавното претрпијатие за државни патишта Зоран Китанов денеска ја

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.