Топ Новости

Иницијатива - 12 Април, ден на протести

  • Петок, Апр 12 2019

Пендаровски: Почетокот на Шарената револуција, 12-ти април да биде ден на протести

 

 

Денеска е 12-ти април, денот кога почна Шарената револуција. Кога народот, кога граѓаните во сите македонски населени места, села и градови излегоа масовно да се побунат против криминалната одлука на Иванов, да помилува над педесет мега криминалци од тогашниот режим, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, кој се придружи на иницијативата овој ден да се прогласи за ден на протести.

– „Знаете сите дека, месеци и месеци потоа, сите ние и не само во Скопје, пешачевме километри и километри и се бунтувавме за човекови слободи и права, за рамноправност меѓу сите нас, се боревме за правда, за демократија и за казнивост на криминалците, не за амнестирање“.

 



- „Сакам во оваа пригода да им се поклонам, да искажам максимална почит кон сите учесници на Шарената Револуција, кои придонесоа Македонија конечно да стане пристојно место за живеење, со демократија, слобода на медиуми, со рамноправност на сите граѓани независно од нивната припадност, етничка, верска или на одредена политичка партија и сакам да се придружам на иницијативата која започна овие денови, за прогласувањето на овој ден, 12-ти Април, како ден на протести, мислам дека тоа има исклучителна, не само политичка симболика, која треба да ни покаже дека и во оваа држава имало настани од нашата скорешна историја, кои треба да ги почитуваме и врз чие убаво искуство, позитивно искуство, можеме да надградуваме нови иницијативи во таа граѓанска сфера кои ќе ја направат подобра и политиката и политичарите и животот на сите нас што живееме во оваа земја, Република Северна Македонија“ – рече Пендаровски.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

Членството во ЕУ на Хрватска и донесе 10,7 милијарди евра

Економијата на Хрватска инкасирала неповратни средства во износ од 1,9

Повеќе

Спасовски и чешкиот министер за внатрешни работи во посета на ГП Богородица

Потпишан договро од еден милион евра донација од Владата на Чешка за МВР за

Повеќе

Гевгелиски олимпијци по француски јазик

Ана и Никола од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија на регионална „Олимпијада“ по

Повеќе

„Не биди ѓубре“ со акции во Валандово и Дојран

Параѓубаџиите вчера, во саботата изведoa акција за чистење на локации во

Повеќе

Градоначалник ДЈ со музика до хуманитарни средства

Перо Костадинов: На крајот на денот, најважно е дали некому сте помогнале

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.