Топ Новости

Проф. Д-р Чепреганов - дијагноза на омразата

Сабота, 17 Август 2019

Проф. д-р Методиј Чепреганов со интересна невролошка дијагноза за раширената омраза и агресија која ја манифестираат членови на нашето општество.

- "Интелектуално незрела личност е таа која шири агресија, омраза, параноја. Масовната агресија е кохезија на маса луѓе кои имаат агресија и ја манифестираат", ова го изјави невролошкиот експерт со 60 годишно работно и научно искуство зад себе, Проф. д-р Методиј Чепреганов, гостувајќи на ТВ 24 вести по повод промоцијата на неговите три нови научни труда посветени на епилепсијата и неврологијата.

- „Агресијата е секојдневие. Тоа е главна манифестација на една незрела личност. Го има во секоја земја.

- „Личниот профил на секој од нас е процес во кој созреваме. Има шест елементи кои ја карактеризираат секоја личност. Првиот е психофизичката обдареност. Тоа е тој рационален елемент. Не сме сите исти. Тоа зависи од мајката природа. Што ќе ставиме во нас зависи од останатите пет фактори. Тоа се: На прво место воспитувањето (мајка, татко, браќа, сестри, средиина, школо, држава). Вториот најбитен елемент е едукацијата, образованието - што Вие во земјата каде што сте се родиле сте добиле како образование, образовни установи, нивното ниво. Третиот, 4, 5 и 6-от фактор се инкорпорација на шлагот на една личност: социјални норми, етнички норми, морални норми и да не ги заборавиме религиозните“ вели проф. д-р Чепреганов.

Прашањето дали сме созреани е конгломерат од овие фактори. Како тие се инкорпорирани во нас, како се исхармонизирани во зависност од тоа каде сме го живееле нашиот живот и какво влијание сме примиле (образование, средина, пропишани норми на однесување).

- „Личност која сее агресија за нас во неуронауката е интелектуално незрела личност, има интелектуална немоќ, незрела, сее омраза, завист, љубомора, параноја, нарцисоидност и т.н. Маса на агресија е кога има кохезија на маса (лица, личности) кои покажуваат (манифестираат) агресија“, вели тој.

Професорот Чепреганов оцени дека во Македонија сме закасниле со образованието, не само сега, туку столетија наназад. Тоа има огромна реперкусија во менталниот склоп на мојот Македонец, вели тој. Зошто, ако му фали образование, неговиот ментален квантум размислува на друг начин. Зошто, покрај психо профилот на една личност, постои и психо профил на една нација, начинот на кој таа нација размислива, твори, креира. За жал, мојот народ е заробен во иднината. Менталниот склоп не му дава да гледа натаму кон иднината. Тоа е едниот фактор кој е многу опасен. Вториот фактор е огромен и важен, а тоа е егзистенцијалниот. Третиот фактор е заробеноста во некои партиски или други води, што води до ерозија на интелектуалната вредност. Зошто ние сме народ кој што обезвреднува се' што е вредно во името на нешто што нема никаква вредност. Тоа е голем проблем, потенцираше Чепреганов.  Тоа го оределува чинот на размислувањето на еден народ.

- „Мојот нароод размислува параноидно итерпретативно. Тоа значи „Јас сум најдобар. Сите други сте лоши“. Се' што се дешава денеска кај нас е во тој контекст „Сите се лоши, ние сме најдобри“. Е, тука е фалинката. Неуронауката дава одговор и тоа е одговор во интелектуалниот квантум: дали личноста е доволно образована да ги надвладее емотивните чувства кои наведуваат на агресија. Тоа зависи од образовниот, интелектуален капацитет на поединецот.

Чепреганов отворено посочи на масмедиумите како еден од главните стрес фактори во едно општество. На секоја телевизија се ставаат осилни теми, го силат народот да се искажува, а старите филозофи рекле „Ако гори огинот, гледајте да го изгасите, не да го воспалите“. За жал, главниот креатор во нашиот живот е насилството, а не смирението, оцени тој. Тоа е комплекс на друштвото. Ние ги спремаме луѓето на нсилство. Јас во Франција не сретнав емисија „Глас на народот“ и сите зборат, сите зборат, се' и сешто. Не Има дебатни емисии во кои учествуваат многу зрели луѓе, луѓе кои знаат и луѓе кои не лажеле и манипуирале. Кај нас е 90% лаги и манипулации. Зошто? Зошто тие луѓе немаат заробен мозок. Паметни луѓе. Го знаат проблемот и го образложува и ми даваат совет на мене (како гледач) како јас да се однесувам. Кај нас такви совети нема. Ние и децата ги учиме на насилство. Тоа е фалинка во образовниот систем, за мене. Значи фалат образовни емисии. Како човек да се однесува, да учи, да работи, да твори, да креира, да размислува ама перспективно, не во минатото“, беше дециден професорот неуролог Методиј Чепреганов.

Стресогениот амбиент во кој живееме раѓа и депресии кои пак се патот до предизвикување други психосоматски болести. Повеќе од видеото со проф. д-р Чепреганов.

Last modified on Сабота, 17 Август 2019 - 18:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

Платите во образование повисоки за 10% од 1 јануари

Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование наука и

Повеќе

Доделени 7-мо Ноемвриските награди за 2019 од општина Гевгелија

На свечена седница на Советот на општина Гевгелија на која присуствуваа гости

Повеќе

Честит празник - 75 години од ослободувањето на Гевгелија

На овој ден, 7-ми Ноември, пред 75 години, во 1944 година, партизанските сили

Повеќе

Санирана и реновирана полициската станица во Валандово

На Денот на ослободувањето на Валандово, 6-ти Ноември, валандовчани ги посети

Повеќе

Општина Дојран го одбележа 5 Ноември- Денот на ослободувањето

Со пригодна програма на дводневни програмски организирани настани Општина

Повеќе

Серменин и манастирот во Давидово добија асфалтен пат

Конечно завршија изведбените работи за асфалтирање на последната делница од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.