Топ Новости

Заев на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк

Петок, 27 Септември 2019

Премиерот Заев на пленарната сесија на Генералното собрание на ОН ги истакна заложбите на Македонија - „Продолжуваме да работиме со сите засегнати во денешниов фрагментиран свет, дејствуваме во сопствените земји за подобар свет за сите нас“.

- „Мојата земја е членка на Обединетите нации од 1993 година, но денеска ќеВи се обратам за прв пат Ви се обраќам како претставник на Република Северна Македонија. Оваа година стапи на сила договорот од Преспа со што се реши 27 годишниот спор што го имавме со Грција. Билатералниот спор имаше сериозни негативни импликации, билатерални и мултилатерални и за жал стана познат во целиот свет како тежок и закоравен проблем. Денес имаме само придонеси од решениот проблем. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во Обединетите нации. Покрај името Република Северна Македонија за јазик стои „македонски јазик“, а за државјанство „македонско“, „граѓанин на Република Северна Македонија“. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, билатералната соработка е подобрена, со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, ова е почетокот од обраќањето на Премиерот Зоран Заев на вчерашната пленарна сесија на Генерално собрание на ОН.

Понатаму во говорот Заев се задржа на заложбите на нашата земја за зачувување на заедничките вредности: мир, демократија, човекови права, владеењето на правото и одржлив развој.

Проследете го интегралниот говор на Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев на пленарната сесија на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.




Last modified on Петок, 27 Септември 2019 - 13:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.