Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Прес на СДСМ Гевгелија: Во Општината градежните работи се секојдневие

Среда, 20 Ноември 2019

Интензивното градежно лето и продолжеток на градежните изведби според програмата за комунални дејности на Општина Гевгелија денеска беа предмет на прес конференција во Општинската организација на СДСМ Гевгелија. На истата се обрати членот на Извршниот одбор на СДСМ и актуелен советник во Општинскиот Совет од редовите на оваа партија, Лазар Мешков.
Тој истакна дека градежните работи и инвестирање во патната инфраструктура се приоритет на оваа влада и секојдневие за Општина Гевгелија. Инвестирани се над 800 милиони евра во патна инфраструктура во државата и рехабилитирани над 500 километри патна мрежа, посочи Мешков.
Од досега изведените работи ги именуваше асфалтираните нови улици и реализирана финализација на патишта кои повеќе децении чекаа на ред, останувајќи во заборав. Еве, со градежната експанзија на патната инфраструктура во општината се реализираат и децениски очекуваните проекти од граѓаните на населените места во Општина Гевгелија

Еве дел од завршените градежни изведби:

- Улиците: „Ѓорѓи Сугарев“, „Нако Вардарски“, дел од „Кочо Рацин“, „26- ти Април“, „Јане Сандански“, „Питу Гули“,„Мицо Шаренков“, ул .„1 Мај“, паркингот кај градските гробишта, улицата „Димо Хаџи- Димов “ се само дел од завршените градежни работи во асфалтирање, изградба и реконструкција на улиците во Гевгелија;

- Реконструиран е регионалниот пат Гевгелија - Негорци, изграден е дел од локалниот пат за поврзување на с.Серменин со с.Негорци, доасфалрирана е улицата „Гоце Делчев“ во Негорци;

- Изграден е локален пат од населеното место Давидово до манастирот „Свети Илија, бетонирана е улицата од центарот до црквата во село Давидово

- Реконструирани се улиците „Елена Мичева“ и „Климент Охридски“ во Миравци; исто така асфалтирана е улицата во населеното место покрај детската градинка.

- Асфалтирана е влезната улица и три крака од улици во населеното место Милетково;

- Улицата „Браќа Толеви“ во Прдејци доби нов асфалт.

Реконструирани и бетонирани се:
- улицата покрај училиштето во Кованец;
- улица и краци во Моин;
- доасфалтирана е улицата„ Гоце Делчев“ во Мрзенци;
- направена се реконструкција на улици во Богородица.

Last modified on Среда, 20 Ноември 2019 - 15:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

Макрон ја отвори вратата за преговори на ЕУ со Македонија и Албанија

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од

Повеќе

Собранието ја Разреши министерката Мизрахи – изгласани и измени на Изборниот

Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“ и 26 гласа „против“ ја разреши

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.