Топ Новости >

Нема блокада на ГП Богородица

  • Среда, Дек 20 2017

{flike}


Најавениот протест со блокада на граничните премини низ државата од страна на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ за ослободување на притворените учесници за настаните во Собранието од 27 април годинава, не доби ниту еден приврзаник во Гевгелија, бидејќи камерата на доброволниот репортер на социјалните мрежи не регистрираше присуство на граѓани, протестирачи, ниту блокади на протокот на возила и патници на Граничниот Премин Богородица. 

Денеска во терминот од 16 до 18 часот за кога беше закажан протестот со блокади на ГП Богородица, слободен граѓанин во 17 часот прошета по магистралниот пат и со снимка од мобилен го регистрираше слободниот проток на возила и транспортен транзитен превоз на стоки. Има и коментар додека снима, кој е негов личен став. Во секој случај најавите за блокада на сите гранични премини во државата денеска во Гевгелија не се оствари. 

Видео и Фото: Митко Илиев

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Поставен камен темелник на Хидро Системот „Конско“ во Гевгелија

Премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство Николовски и фирмата изведувач од Турција денеска на свечен начин поставија камен темелник за почеток на изградбата на браната „Конско“ кај Гевгелија

Повеќе

Пресуда „Труст“: 9 години затвор и конфискација на 17 милиони евра

Сеад Кочан доби 6 години затвор, Авировиќ 3, Ватиќ е ослободен, а ќе се конфискува противправо стекнатиот имот на „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ во вредност од 1,06 милијарди денари

Повеќе

Општина Гевгелија одобри 5,3 милиони денари за водоснабдување

Со буџетска интервенција од дополнителни 5.305.992 денари Општина Гевгелија ќе го доврши започнатиот проект за „Подобрување на системот за водоснабдување во Гевгелија“

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето

Денес прекин во делот помеѓу Богданци и Гевгелија, а утре е најавен прекин во Миравци, Давидово, Петрово и Габрово

Повеќе

ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село

Обвинителството бара градоначалникот да остане во притвор

Повеќе

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

Заев: Про-руски бизнисмени плаќале за насилни протести

Премиерот Заев во интервју за „BuzzFeed News“ изјави дека про-руските бизнисмени се обидуваат да ја спречат земјата да се приклучи кон НАТО со финансирање на насилни протести

Повеќе

Неподготвеноста на фирма подизведувач ја остави Гевгелија без вода

Фирмата „АДРА“ од Куманово дошла без алат на терен, а потребната опрема ја обезбеди Пожарната од Гевгелија, па работите на терен наместо два часа, траеја 12 часа

Повеќе

 
 

 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.