Документарен филм од 1953 година каде се прикажани свадбарските обичаи во гевгелиското село Миравци.

Документарен филм од 1953 година каде се прикажани свадбарските обичаи во гевгелиското село Миравци, по сценарио и режија на Јово Камберски, во продукција на „Вардар филм“ не' потсетува на традициите од пред шестипол децении.

Сместено на богатата Кожуф планина, со китни дворови, со убави и стројни моми, со вредни ергени, со младешко оро на сред село животот ја нижи приказната за традициите во гевгелиско кои и денес во модерна форма ги негуваат жителите и наследниците од Миравци.
Се започнува со погледите на Митре и Стојна кога заедно сечеле афионови шишарки на полето со оваа тогаш актуелна земјоделска култура, а подоцна на сред село наместо со шамивче меѓу рака, се фатиле на оро за рака. Тоа го виделе постарите и биднале кандисувањата за свадба на младите.



На моменти сцените од прикажаните обичаи ќе Ви заличат на Галичката свадба. И, со право, зошто тоа се традициите кои се негувале од колено на колено низ Македонија и важат за македонски свадбарски обичаи: дадениот збор на наводаџијката, подготвувањето на моминската руба (чеиз), замесувањето на погачата со гранче кое го држи во рака мало машко дете, сватовската свита која оди до куќата на момата, погледот на момата низ прстен за да го види својот сакан, даровите за новото семејство.

Времињата ги видоизмениле некои од обичаите. Граѓанските бракови завршуваат пред матично и заеднички ручек, или вечера. Но, за да се присетите зошто мајка ви замесила погача, или зошто невестата ве гледала низ прстен, погледнете го видеото за богатството од обичаите во нашиот крај, кои ако вие не ги знаете ќе дојде некоја роднина да ве потсети што би требало да направите за среќа, љубов и бериќет како генерациите пред нас, кои целиот брачен живот го делеле во љубов и заедништво.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерот Спасовски и вицепремиерот Османи во Гевгелија

Спасовски: Полицијата успешно се справува со илегалните миграции и

Повеќе

Патот Гевгелија-Негорци пред завршница

Во тек е гребање на последниот километар од стариот асфалт до центарот на

Повеќе

Sky хотел и казино бара работници

Активен оглас за вработување на 14 работни позиции за правен субјект со седиште

Повеќе

Велин Стојменов - нов претседател на Здружението на пензионери за Гевгелија

На вчерашното изборно Собрание на општинското Здружение на пензионери за

Повеќе

Прес на ЛДП Гевгелија

ВИДЕО: Итна измена на законите за финансирање на општините! (Ручкоманов)

Повеќе

Пендаровски на Трибина со младите од Гевгелија: „Придобивки - НАТО и ЕУ“

„Мојот став е влез во ЕУ и НАТО е преку институциите во државата со

Повеќе

Денеска е пролетна рамноденица

Рамноденица — деноноќието кога должината на денот и ноќта се исти. Денеска

Повеќе

Тридневен прекин во електроснабдувањето во Богданци

ЕВН - КЕЦ Гевгелија најави прекин во електроснабдувањето за утре среда 20 март,

Повеќе

Интегриран план за локален развој на општина Богданци до 2022

Во тек е 10 дневна јавна расправа за локалниот развој на Богданци 

Повеќе

Кина одбила барање на грчка компанија да го користи терминот „македонски“

Образложение - потребна е дозвола од соседната земја за користење на терминот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.