Најголемиот инвестиционен проект во регионот во последните 50 години, Хидросистемот „Конска брана“ интензивно се гради. Освен наводнување на земјоделските посеви со опфат на површина од 8.000 хектари, хидросистемот ќе овозможи дополнителни количини вода за водоснабдување на Гевгелија и населените места, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за Дојранско езеро, како и вода за производство на електрична енергија

Бенефитот ќе го имат пред се земјоделците кои досега имаа можност да полеваат со стариот систем на бразди, површини од 1.500 хектари. 

„Браната со акумулација Конско е дел од Хидро системот „Конско” и се состои од брана на реката Конска, зафат Горничет на околу 8,5 километри низводно, како и зафати на протечните води на реките Жабачка, Сермениска и Кованска. Вкупната инвестиција на Конска брана со четирите наменски цели, водоснабдување, наводнување, полнење на дојран и електропроизводство ќе чини над 2,4 милијарди денари, пари обезбедени од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно од Програмата за рурален развој. 

Во тек е изградба на градилишна населба, амбуланта за тамошните работници и теренска лабораторија за квалитетот на водата, дробилница за камен со 4 фракции, контролна галерија и преливен објект. Браната ќе се протега на површина од 8,5 километри. 

Хидросистемот „Конска брана“ е дамнешна желба на локалните управи во општина Гевгелија, уште од 70-те години на минатиот век, но како капитално захтевна инвестиција со децении никако да стартуваше. Летово, првиот бетонски миксер на пректната конструкција го пуштија премиерот Зоран Заев, заедно со изведувачот од Турција компанијата „Адали Холдинг“, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, како претставник на граѓаните кои ќе го уживаат благодетот од оваа инвестиција. 

Media


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дојран на 38-от меѓународен саем за туризам во Белград

Општина Дојран и тамошните угостители годинава  од 21 до 24 февруари се

Повеќе

Два инциденти во Затворот Шутка

Притворените екс министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски денеска во

Повеќе

Груевски ја ставил партијата во функција на настаните од 27 април

ОЈО: Осомничениот Н.Г. како тогашен претседател на политичка партија преку

Повеќе

Манчевски: Да се повлечат блиските на функционерите и од власта и од опозицијата

Ургентно решение за надминување на проблемот со непотизам при вработувањата е

Повеќе

ОЈО ги сомничи Груевски и Вељановски за Крвавиот четврток

Вељаноски и Груевски - осомничени за терористичко загрозување на уставниот

Повеќе

„Антикоцкање“ бара дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето на граѓанското движење за дислокација на

Повеќе

Со 60,6 милиони денари Општина Гевгелија ќе ги раздолжува наследените долгови

Буџетска дотација од Владата на Македонија за раздолжување на наследените

Повеќе

Граѓанскиот сектор со буџетска поддршка за 2019

Шеснаесет граѓански организации ќе добијат буџетска дотација во вредност од

Повеќе

Продолжуваат изведбените работи на патот Гевгелија-Негорци

Механизацијата на изведувачот „Жикол“ е на терен за гребење на асфалтот од

Повеќе

Бензинот поскапува, дизелот не

Регулаторна одлучи - од ноќеска поскапува бензинот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.