Топ Новости

Документарен филм за домашното производство на свилениот конец 

 

 

"Свилен Конец" е краток документарен филм во кој е опишан процесот на производство на свилениот конец во Богданци и свиларата во Гевгелија.

Кожурецот на свилената буба бил одомаќинет процес на работа на многу семејства во јужниот крај на Македонија, како Гевгелија, така и Богданци. Луѓето ги одгледувале во домашни услови, а за нивно прихранување биле садени и цели плантажи на дрвото „црница“ со чиј лист се храни кожурецот. Дрвјата на црницата долго време беа присутни и долж најдолгата улица во Гевгелија, некогаш наречена улица на Крал Петар, сега улица „Маршал Тито“, или позната како улица од станица до граница. Локалниот пат од Гевгелија до Богданци беше познат по насадените ниви со црници. Згаснувањето на овој вид прозиводство не ги уништи црниците долго време во овој крај, но урбанизацијата си бараше свој простор и овој природен потсетник на свиларството во гевгелиско-богданско исчезна од очите на минувачите.

Во задружништвото Богданци свиларството е основна производна гранка. Авторот ги следи подготовките за свилобубарско производство на бабата Филка Џочкова од Богданци. Цела една соба од својот дом, послана со рафтови и рогозини, затворени прозорци затемнети со хартија.
Свилобубата е првата припитомена бубачка во служба на човекот. Таа расте многу бргу. Од оплодувањето до испилувањето таа ја зголемува својата тежина од 8-10.000 пати. Спијат и растат 30 денови. По 30-от ден бубите престануваат да јадат и нервозно почнуваат да мрдат. Овој ден го очекуваат свилобубо одгледувачите. Им ставаат суви гранки без лисја и тие почнуваат да плетат конец. Три дена и три ноќи свилобубата си го гради своето катче, (кожурецот), а како ќе излезе од него, дали жива или мртва тоа зависи од одгледувачите. За кратко време бубата ќе го продупчи кожурецот за да излезе. Но, такви кожурци не и' се потребни на индустријата бидејќи конецот ќе биде прекинат. Затоа свилобубоодгледувачите ги собират кожурците и ги предаваат на откуп во свиларската фабрика во Гевгелија, која ја стопанисуваа браќата Ралеви.
Овде се прибегнува кон печење на кожурците за да се спречи бубата да се претвори во пеперуга, а потоа кожурецот станува предмет на индустриска обработка, се отплетува свилениот конец од кожурецот. 12 нитки од кожурците се спојуваат во еден конец и стануваат полуфабрикат за текстилната индустрија во Македонија.

 



Документарниот филм кој датира од првата половина на 20 век е снимен по сценарио и режија на Јово Камберски. Музиката е во изведба на Словенечката филхармонија. Ако оставете да ве понесе нарацијата за едно старо домашно стопанисување за потребите на манифактурното производство во гевгелиско-богданското производство на свилената буба, ќе ја дознаете и вредната и трпелива работа на нашите некогашни сограѓани и претци на овие простори. 

Првите филандри - одгледувачници на буби во Гевгелија датираат од 1850 година во сопственост на султанот Абдул Хамид II, а првото индустриско производство започнува со отварањето на првата свиларница 1888-1889 година со производство на 20.000 кожурци на сезона. Во периодот пред Балканските војни производството достигнува бројка од 1.000.000 кожурци во сезона. Во меморијата на постарите гевгеличани се' уште постојат сеќавањата за свиларницата на браќата Ралеви, создадена 1938 година во Гевгелија и истата опстојувала се' до 1952. Своето знаење за технологијата за производство од областа на текстилната индустрија тие го проширија и во Америка и во Индија каде ги продолжија своите бизнис дејсноти, а во актиелното совремие станаа и големи донатори за својот крај - Гевгелија.

 


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Актерот Дац му подри метла на Заев

Инспириран од резултатите од првиот изборен круг и воздржаноста на некои од

Повеќе

Пендаровски води со 4.596 гласови

 

На петтите претседателски избори одржани во неделата, на 21 април,

Повеќе

Гевгелија го надмина законскиот цензус на излезност

 

Со излезност од 58,24% до 18:30 часот, според првичните податоци на ДИК,

Повеќе

Гевгелија до 13 часот со поголема излезност од државниот статистички пресек

 

Вкупниот гласачки капацитет на општина Гевгелија е ставен во функција

Повеќе

Претседателски избори 2019 - ден на гласање

 

 

Петтите по ред Претседателски избори во Македонија денеска се

Повеќе

Пендаровски во Гевгелија: На 21 април не одлучуваме за име, туку за политики

 

- „Гласајте за бројот три. Со него во 2014 бевме морални победници, сега на

Повеќе

Средба на Заев и Анѓушев со бизнисмени од Гевгелија

 

Компаниите да ги искористат мерките за унапредување на соработката со

Повеќе

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев во обиколка на системот за

 

 

- „Надминат е сериозниот проблем за водоснабдување од 2012 година и

Повеќе

Донаторска акција „Нахрани 10.000“ во Гевгелија

 

 

Националната хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна,

Повеќе

Општина Дојран со добри дела за децата

Ангов: „Секогаш сме тука за доброто на децата. Тие се и ќе останат врвен

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.