„Бомбите“ не смеат да бидат уништени

Четврток, 16 Мај 2019

Фајловите и записите од т.н. "бомби" настанати со нелегалното прислушкување на неколку илјади граѓани од страна на соборената Хунта на Груевски, не смеат да бидат уништени по ниедна цена. Тој што тоа ќе го стори прави поголем злочин од тој што го овозможил нивното настанување.

Нивното значење не е само во тоа што се користат како докази во судските процеси кои се водат или допрва ќе бидат покренати во судските органи. Иако и само ова е доволен основ за нивно трајно зачувување сепак нивното значење и вредност е многу многу поголемо!

Тие се првенствено едно автентично и експлицитно сведоштво на едно време - невреме кое остави трајни негативни последици во македонското ионака веќе сериозно истрауматизирано општество.
Во нив се содржани одговори за многу клучни и важни настани од нашето поблиско минато, за многу човечки судбини, стравувања, надежи, разочарувања и гревови, но и за криминал, зло и нечовечност на оние во чии раце беше судбината на сите наши граѓани, на секој од нас!
Вистинско драгоцено депо на нашата колективна свест и меморија.
Еден ден некои идни генерации Македонци ќе сакаат да знаат и ќе истражуваат што всушност се случувало во Македонија во овие значајни и историски бурни години на борбата за демократија против еден ригиден автократски и криминален режим на власт!
Ние немаме право да им го ускратиме правото на вистината на нашите идни генерации!

Фејсбук статус на Александар Диневски


Last modified on Четврток, 16 Мај 2019 - 19:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.