Топ Новости

Тијана за „Proud“ и гордоста да имаш на кој да се потпреш

Вторник, 21 Мај 2019

Сестрата на нашата Евровозиска претставничка, Тијана Дапчевиќ одговори на оригинален начин, со видео на нападите на социјалните мрежи за Тамара, нејзиниот настап и пласман на годинешниот избор на Евросонг. Во пораката од видеото вели:

„Proud“ е она кога твојата сестра на 6 години гледа Евровизија и вели ” И јас ќе пеам тука”, иако нема поим ни која е самата таа во моментот, а не пак што е Евровизија.

„Proud“ е кога со месеци сите сме како на игли додека се избира песна, фустан, настап и додека се исчистат сите добри намери од лоши идеи, за да на крајот се добие настап од кој времето застанува.

„Proud“ е кога таа ќе дојде на сцена, а јас имам впечаток дека дошло се'. И како да никој пред неа не бил тука.

„Proud“ е кога камерата ќе прикаже полн кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако неколку секунди пред тоа не можев да дишам од трема.

„Proud“ е кога после настапот почнуваат да стигнуваат овации од сите страни, позиви, пораки, солзи, смеење, навивање.

„Proud“ е кога знаеш дека секогаш имаш на кој да се потпреш.

„Proud“ е кога по 15 години го земам виолончелото и апсолутно не ме интересира дали се провлекол некој фалш, бидејќи сакам уште еднаш (на свој начин) да покажам дека сум горда на себе, Тамара, целиот свој народ (а тој е на многу места ширум розевите линии на атласот) и на сите оние кои не се откажуваат од себе и своите соништа.

А овие дигитални (не)луѓе, нека пронајдат барем една работа на која ќе бидат горди и сѐ одеднаш ќе има поубава смисла“.

Ова го напиша Тијана под видеото на кое со виолончело ја свири песната „Горда“ одговарајќи на бројните критики кои и' ги упатувале на социјалните мрежи, од типот на овие кои следуваат:
„Тијана , зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија???“, „Не пишувај така, подобро остани во Србија?“, „ Зошто не се вратиш во таа Македонија ако веќе толку ја сакаш?“, „Дијаспората не издаде…“

„Е сега јас вас нешто да ве прашам : Дали вие ја слушнавте таа песна? М? Дали навистина ја слушнавте или само онака ја претрчавте? Или не ни умеете повеќе да слушате, ни себе, ни некој друг“, ги прашува Тамара критизерите.


Last modified on Четврток, 23 Мај 2019 - 19:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Летна еколошка акција во Гевгелија

Во пресрет на почетокот на учебната година Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“

Повеќе

Продажба на градежно земјиште во Гевгелија

Единаесет градежни парцели во државна сопственост, со вкупна површина од 10.991

Повеќе

Авиони-канадери го угаснаа пожарот кај Мамино на Погана

Пожарот кој вчера беше регистриран во областа Мамино, на Погана, во близина на

Повеќе

Агенцијата за медиуми решава за прекршоци на 4 локални телевизии

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска на седница

Повеќе

Се асфалтира последниот километар од патот Негоци-Серменин

Патот долг 27 километри од Негорци до планинското село Серменин на Кожуф

Повеќе

Амазонија гори две недели, чадот се гледа од вселената

Бразилската вселенска агенција извести дека бројните пожари кои ја зафатија

Повеќе

Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во

Повеќе

Сугарески на увид на изградбата на патната мрежа во Гевгелија и Богданци

Во текот на летната сезона, додека временските услови погодуваат за работа, на

Повеќе

Караорман ќе добие нова водоводна мрежа

Населбата Караорман, каде годиниве наназад имаше интензивна градежна активност

Повеќе

Обвинителството ја прошири истрагата за „Рекет“ и бара притвор за Катица Јанева

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска на прес конференција одржана

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.