Топ Новости

Димитров: Ќе не’ биде и точка!

Вторник, 16 Јули 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на својот фејсбук профил се огласи во врска со вчерашниот рекет-скандал препознавајќи го како борба на системот со криминалот, без разлика од каде доаѓа. Во ФБ постот тој напиша:

„Никој не рече дека ќе биде лесно

Можеме да тонеме во разочарување и очај и да ја храниме самопоразувачката енергија дека од нас не бидува ништо. Со мазохизам и неразбирлива радост да ги дочекуваме лошите вести. Чашата секогаш да биде полупразна: “Ти кажав, не бива од нас држава”. Бидејќи, веста денес може да биде и ваква: системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа.

Дека ќе не’ биде и покрај се' и заради се'. И заедно со сите кои не веруваат дека ќе не’ биде. Дека борбата против криминалот никогаш нема да заврши. И ќе трае, оти е борба всушност на доброто против злото. На некој начин, таа борба, што мене како и многу други ме вовлече во и кон политиката, е на самиот почеток. Дека ќе треба интегритет, пот, солзи и многу работа за да ги тргаме наталожените раскомотени криминални мрежи. Дека сеирџиство и банално ликување не помагаат, ниту дефетизам и ширење немоќ, бидејќи најлесно е да се откажеме сите. Помага само да засукаме ракави и сите да работиме до последно. Бидејќи знаете што е државата? Сите ние, сите граѓани до последен. И кога фрламе по државата, фрламе и по себеси.
Ќе не’ биде народе, тогаш кога секој во своето, ќе турка до последниот атом. Јас не дигам раце додека не не’ биде. Не сме ние ништо понеспособен народ од било кој друг. Мегданот тоа да го покажеме и докажеме е токму тука, токму сега.

Ќе не’ биде и точка!“ - пишува Димитров

Last modified on Вторник, 16 Јули 2019 - 12:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.