Топ Новости

Гевгелиски училишта со фински просек

Петок, 04 Октомври 2019

Во Финска како една од најразвиените земји на Европската Унија просекот на ученици во една наставна паралелка изнасува 12 лица.

Во општинското средно училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија од оваа учебна 2019/2020 година донесена е одлука за намалување на бројот на учениците во една паралелка од прва година во гимназиското образование на најмалку 11, а најмногу на 20 ученика.

По 11 ученици има и една паралелка од угостителско туристичка струка-келнер. Под Финскиот просек со само 9 ученика е една паралелка за машинска струка автомеханичар-бравар. Понатаму, под македонскиот просек од 25 ученика во еден клас се и една паралелка со 12 ученика од струката економско правна струка-економски техничар, една паралелка со 15 ученика угостителско-туристичка струка готвач и една паралелка со 16 ученика од машинската струка за моторни возила.

Вкупниот број на ученици запишани во прва година од средното образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија изнесува 128 завршени полуматуранти. Ова е околу 50 одсто помалку од годишниот наталитет на населението во општината што е одраз на конкуренцијата во избор на среднонасочните струки во другите општини чиј избор е на самите ученици и нивната професионална ориентација за работа во животот.

Инаку, оваа Одлука за намалување на бројот на ученици во една наставна паралелка во учебната 2019-2020 година ја донесе Советот на општина Гевгелија на последно одржаната 31-ва седница во понеделникот, на 30 септември годинава. Одлуката за намалување на бројот на учениците во наставните паралелки е одобрена и од страна на Министерството за образование на РСМ.

Новите солидни просторни услови со новоизградените 24 училници во СОУ „Ј.Јосифовски“ како и намалениот број на ученици по паралелки упатуваат дека се приближуваме до наставниот просек во Финска. Но, образовната програма, прилагоденоста на барањата на работни профили за потребите на стопанството, наставните помагала, креативизмот на децата, е тоа е друга категорија на прашања за чие усогласување со Финска засега немaме одговор, а учениците и родителите имаат право самите да оценуваат.
На пример, на порталот „Факултети.мк“ се вели дека децата во Финска на училиште одат со донирани алишта за да не се замараат дали ќе ја извалкаат, искинат облеката додека се на училиште. Кај нас децата бараат, а родителите се такмичат кој да купи поскапа брендирана облека за своите најмили.
Во Финска децата колективно одат на училиште за да стекнат организациски способности и одговорност за одењето и враќањето од училиште. Кај нас се' уште сме сведоци дека родителите ги носaт со автомобил, а после часовиите ги чекаат децата со автомобил пред училиште.
Понатаму, во Финска три дена од наставниот процес во неделата се одржуваат во природа, или надвор од училиштето со нагледни прошетки на темата која се изучува.
И тука коментарот е оставен за читателот.
Засега, комоцијата во паралелките е обезбедена. Од некогашните 15-17 клупи во една училница, сега секој ученик ќе може да седне сам на клупата без другарче со кое ќе го дели просторот, а 5-7 клупи ќе останат за ранците и другите реквизити кои ги носат на училиште.

Сите во Финска се фини, па и ние се трудиме - да станеме фини, да го одвоиме образованието од помодарството, да создадеме наставни програми кои ќе ги вклопат нашите деца со знаење за потребите на модерното време, да создадеме генерации на образовани, самосвесни, одговорни, воспитани и фини луѓе.


Last modified on Петок, 04 Октомври 2019 - 20:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.