Топ Новости

Хуманитарна акција за оштетените од пожарот

Среда, 31 Јули 2019

Рено јунаците на автомобилската авантура „Од Стојаково до Пекинг со Рено 4“ иако оддалечени 3.000 километри од дома во тек се со настаните и случувањата од својот крај.
Утрово први се јавија со информација дека отвориле наменска сметка за оштетените семејства од вчерашниот пожар на стамбената зграда во Гевгелија, во која целосно изгореа шест стана од поткровјето на зградата на улица „Ристо Чавдаров“ број 25.
За семејствата кои живееја во тие станови остана само вертикалните ѕидови со гламјосана и пеплосана покуќнина. Немаат ништо од своето домаќинство.

Граѓаните кои сакаат да помогнат за обнова на нивните услови за живот можат да донираат парични прилози на специјално отворената наменска сметка:

210073320500142
Олд Каар Гевгелија
НЛБ Тутунска Банка

Со назнака: Пожар Гевгелија

- „Ви благодариме однапред на хуманоста и на сите донатори јавно ќе им се заблагодариме по завршувањето на оваа акција!“ - пишуваат „Рено“ јунаците и потсетуваат дека прилози може да се донираат и на 4-ти август во специјална кутија за донации за време на нивниот организиран пречек во Стојаково оваа недела, а во тек е и организирање на мобилни оператори за отварање на телефонски броеви за донации.

Хуманитарци, време е да им помогнеме на нашите сограѓани кои за еден час изгубија се' што имаа во својот дом, заедно со кровот кој сега е само отворено небо над подот од некогашното семејно уредено живеалиште.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на

Повеќе

Јануарска градежна офанзива на општина Гевгелија тешка 373.742 евра

Во првата декада од јануари, со почетокот на календарската и новата фискална

Повеќе

Поради измама лишен од слобода И.П. од Гевгелија

Вчера, среда (15.01.2020 год.) во 18.45 часот во Гевгелија бил лишен од слобода

Повеќе

Прес: СДСМ го враќа достоинството на здравствените работници

- „Одговорноста е одлика на Социјалдемократскиот сојуз како партија која го

Повеќе

Владата во Русија се распушта - спрема ли Путин новa политичка моќ за себе

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев поднесе оставка и ја распушти владата

Повеќе

Комесарот на ЕУ за проширување во посета на Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.