Топ Новости

Продадете ја зградата од седиштето на ДПМНЕ и обештетете ги граѓаните за вашите 11 години јавашлук

Вторник, 05 Ноември 2019

Прогресивниот данок и одлагањето на неговата примена наиде на одобрување од од стопанската фела, Стопанската комора, од Конфедерацијата на работодавачи, само кај опозицијата предизвика израз на жалопојќи - бараат средствата од наплатениот данок со прогресивна стапка да се вратат кај граѓаните - (читај: кај богатите)
Одговор стаса од власта дека на ВМРО-ДПМНЕ му смета секо проект кој значи повраток на пари кај граѓаните.
Одгоовор имаат и граѓаните - Јованка Дојранлиева од својот Фејсбук профил со порака до Трајко Славевски:


„Поранешниот министер за финансии во владата на Груевски бара да се укине мерката МојДДВ и парите да се употребат за обештетување на лицата опфатени со прогресивниот данок, кој сега се става 36 месеци во мирување.

Што? И ти ли спаѓаш во VIP групата со приходи за прогресивно одданочување? Законот беше наменет за вас кои имате приходи повеќе од просечниот граѓанин.

Јас ја одобрувам мерката МојДДВ.

Ако сакате да обештетувате граѓани за погрешни проекти на владата почнете од Вашите проекти, на ДПМНЕ: почнете од „Скопје 2014“ само што нема кому да му продадете толку споменици и гипс картони.

Продадете ја зградата од седиштето на ДПМНЕ и обештетете ги граѓаните за вашите 11 години јавашлук и негрижа за нивниот живот. Обештетете ја смртта на малата Тамара, обештедете го семејството за загубата на Мартин Нешковски, обештете ги сите упропастени семејства кои останаа без работа од вашите лоши политики и политички каприци.

Е, тогаш, кога ќе се раздолжите за вашите гревови од лекомислени, или смислени крадачки полит-економии, тогаш можете да зборите за Мој ДДВ. Јас мојот повраток на ДДВ не го давам за профитабилните персони кои државата даночно ги оптерети со поголема стапка.

Ти твојот ДДВ не го сакаш. Бујрум подари го на некоја хуманитарна институција.“

 

Last modified on Вторник, 05 Ноември 2019 - 13:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Наградната игра Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, во оптек награди од

Скенирајте ги сите сметки, Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, 15

Повеќе

Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември

До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да

Повеќе

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.