Топ Новости

„Медена земја“ е победник - испрати моќна порака до светот

Недела, 09 Февруари 2020

Во очекување на церемонијата на доделувањето на ОСКАРИТЕ на годинашново 92 издание, граѓаните на социјалните мрежи оддаваат огромна поддршка и очекувања за признание на авторите и протагоностите на македонскиот кандидат „Медена земја“.
Освен што Фејсбук се преплави со фотографии од „Honeyland“ и профилни слики со Атиџе Муратовска, носителката на животната приказна која ја следи филмот, туку стана и предизвик за нови оскаровски креации.

Предничи ликовниот дизајнер Зоран Кардула со својот пост во кој „Медените јунаци веќе ги прогласи за победници, со тоа што веќе еден месец светот пулсира со „Медена земја“ и успеа да испрати огромна порака за баланс на човекот со природата.

„Денес денот посветен на Медена земја и на целата екипа која покажа на целиот свет што знаат и умеат. Ги собраа сите можни награди фали уште една која се доделува вечер, но стварно небитно дали би добиле оскар или не тие се ПОБЕДНИЦИ. Испратија моќна порака до светот во време кога ставрно е повеќе од потребно.
Уште еднаш БРАВО и честитки. Моја поддршка за вечер со постер за Медена земја со цела екипа и еден меден оскар за вас а другиот ќе го оставиме на светот како што би рекла Атиџе, се е во рамнотежата. Уживајте ништо друго не е битно во моментот го заслуживте тоа“, напиша Кардула на својот Фејсбук профил.

Светот цел месец пребарува каде е Македонија земјата каде е снимен филмот, и со тоа „Медена земја“ не' однесе на врвот на Google Пребарувачот, а „The Guardian“ веќе го прогласи „Honeyland“ за најдобар документарен филм за Оскарите 2020. Наградите ОСКАР ќе бидат доделени вечерва во Долби театарот во Лос Анџелес.

Фото-постер: Зоран Кардула


Last modified on Недела, 09 Февруари 2020 - 18:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.