Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Крокодилските солзи на текстилските газди

Вторник, 25 Февруари 2020

Ова е мислење на економскиот експерт и поранешен советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ во однос на вчерашните искажани жалопојки на газдите на текстилниот сектор во државата во однос на покачената минимална плата и заканата дека ќе се исселат од државата:

„Ги слушам текстилниве газди, пак крокодилски солзи, ќе колабирала текстилната индустрија од покачувањето на минималната плата.

Ај малку бројки.

Според годишните сметки за 2018 (последна година за која има податоци), во државава има 1.026 активни фирми од гранките текстил и облека. Во нив имало вкупно 35.278 вработени, со просечна месечна нето плата од 15.477 денари (тука се влезени и платите на директорите/газдите).

Истите тие 1.026 фирми оствариле вкупна нето добивка по оданочување (вклучувајќи ги и загубите на фирмите со загуба) од 19 милиони евра, односно, 18.582 евра по фирма.

Значи, за работниците плата од 15.000 денари, за газдите добивка од 18.000 евра (дополнително на платата).

Или, за работниците минималец, за газдите џипче.

Не, нема да колабира текстилната индустрија од покачување на минималната плата. Ќе колабира државава од вашата алчност, од вашата проклета желба да возите џипови (и авиони, како што кажа еднаш еден ваш претставник), а работниците да ги експлоатирате и да им фрлате трошки.“

Автор: Бранимир Јовановиќ - Фејсбук статус


Last modified on Вторник, 25 Февруари 2020 - 12:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.