Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Кутрите овие луѓе, кутрите и ние

Понеделник, 02 Март 2020

Веста за новиот бегалски бран од Сирија и можната обнова на Балканската рута, ја отвара темата за границите - отворени за работна сила која недостасува кај западноевропските земји, затворени, за болни од корона, за бегалците. Дали рампата на граница е решение за сите проблеми? - одговара во својот фејсбук пост Ивор Мицковски:

„Во ова шашаво и шизофренично време, каде секоја вест трае 3 дена, иако некои катастрофи, како војната во Сирија трајат веќе 9 години, одеднаш кога политички не' тангира ни текнува дека има војна и дека постојат бегалци.
Сега одеднаш Сирија ни е блиску.
Во време кога богати патници од Италија ги враќаат од граници како бегалци заради короната, гледаме како тркалото се врти, и што може да се случи еден ден кога сите ќе осиромашиме или ќе станеме непожелни, кога ќе бидеме последните пред секоја граница, непосакуваните, мислејќи дека со граници се решаваат денес светските проблеми, било тоа корона или кутри бегалци.
Ќе платиме сите еден ден за нашата кратка меморија и суровост.
Денес тие, утре ние.
Евентуално ќе научиме, дека тоа што се случува во туѓиот двор, не' тангира сите.
Евентуално и Европа ќе научи дека мирот со пари не се купува, а дека Балканот оставен мизерен, утре пак ќе биде нивен проблем.
Сега се задоволуваат со решение да ја купуваат нашата работна сила и мозоци, но утре и тоа ќе го снема.
Кутри овие луѓе, но пак, кутри и ние, претпоследните кои не мислиме на последните.“

Автор: Ивор Мицковски


Last modified on Понеделник, 02 Март 2020 - 11:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.