Угриновски: Им симнувам капа на Владата за успешноста со справување на коронавирусот

Петок, 10 Април 2020

Неврохирургот д-р Јовица Угриновски во “Отворено студио” на 24ТВ даде свој осврт на светската закана Ковид-19 и оценка за мерките во нашата земја: “Ова го предвидов многу години пред да се случи, не знаев кога ќе се случи. За жал, ова требаше да му се случи на светот како последна опомена за она што и го правиме на планетата Земја. Морам да кажам дека здравствено-политичките власти досега успешно се справуваат со кризата. Јас не сум ниту епидемиолог, ниту инфектолог, ниту матичен лекар, ама им симнувам капа за она што досега го направија” – оцени Угриновски.

Во поглед на оправданоста на преземените мерки, д-р Угриновски со порака до граѓаните: “Единствениот начин кога имате непријател којшто не го познавате и му го знаете само името коешто вие сте му го дале, не знаете како се однесува и што прави, односно единствениот начин да се контролира пандемијата е да се прекинат социјалните контакти, да се прекине ланецот на што е можно повеќе места за инфекцијата да остане локално. Многу е лесно да се каже затвори го градот, ама зад тоа има многу други импликации. Моја порака до граѓаните е да се почитуваат мерките затоа што 7-8 луѓе го донесоа вирусот во државата, од почетокот вирусот беше импортиран од 7-8 луѓе кои потоа го запалија пожарот и отворија кластери” – порача Угриновски.

Во продолжение, д-р Угриновски пласираше една своја теорија врз основа на глобалната слика на најпогодените земји во светот од Ковид-19: „Поранешните социјалистички и комунистички држави подобро се справуваат со епидемијата, за разлика од таканаречените западни држави. Клекнаа на коленици една Италија, една Шпанија и една Америка која себеси се нарекува суперсила. Знаете ли зошто тоа е така? Заради тоа што пристапот им беше капиталистички. На пример, Кина, Куба, Македонија, Хрватска и некои други држави имаат различен пристап, односно здравјето на популацијата им е на прво место, за разлика од капиталистичките земји на кои профитот им е на прво место, а здравјето на второ. Колку за пример, во ек на епидемија во Шпанија 50 000 гледачи го гледаа мечот Аталанта-Валенсија, а во Италија скијачките центри работеа со полна пареа, кај нив профитот е на прво место“ – заклучи Угриновски.

Угриновски се осврна и на вредностите во животот: Јас не сум чул дека некој отишол во продавница да купи најнов модел на ајпод, или некоја друга брендирана облека. Свативме дека за живот ни се доволни и нештата што веќе ги имаме и храна која ја подготвуваме дома. Луѓето научија во животот дека имаат семејство што е со нив во оваа состојба. Нема одење по ресторани, се готви дома.

- „Луѓето увидоа дека трчајќи по пари заборавиле да живеат. Што му вредат сега еден милион долари ако нема кај да ги троши - нема ресторани, нема утакмици, нема патувања. Еден милион не можеш да истрошиш за еден живот и за другите после тебе, па зошто тогаш трката за два, три милиони“ - ја објаснуваше својата теза за вредностите во животот неврохирургот Угриновски.

На прашањето „Што очекувате после вонредната состојба?“ проф. Угриновски уверено одговори: „Па верувам дека ќе следува еден период на разводи, и еден период на новородени бебиња таму некаде во ноември и декември (како нуспроизвод на изолацијата).

Зошто? Сметате ли дека семејното насилство и кај нас е во подем за време на изолацијата и седењето дома (како примерите во Франција каде семејното насилство пораснало за 30% повеќе од вообиаено).

„Оваа изолација е издржлива таму каде има хармонични семејни односи. Таму каде се глуми хармонија мора нештата да излезат на виделина. Не можете вие два спротивставени антиподи да држите заедно 24 часа, а да не се роди ситуација. Е тие брачни партнери конечно ќе сватат дека не се еден за друг и ќе побрзат да побарат развод веднаш после завршувањето на вонредната состојба“ оцени Угриновски.

Тој испорача три совети до граѓаните:

1. Да ги следат и спроведуват мерките на Владата, Министерството за здравство, Светската здравствена организација за спречување на ширењето на вирусот корона;

2. Да се замислат надлежните дали е поважно да се дадат 100.000 евра за еден концерт, отколку за здравстворо од кое сега сите зависиме,

3. И, до сите граѓани порака - Свестете се!


Last modified on Петок, 10 Април 2020 - 05:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.