За причеста и лажичето

Четврток, 16 Април 2020

Граѓаните кои повеќе од месец и половина живеат со корона заканата, остро реагираат на социјалните мрежи за намерата на МПЦ да врши причеста со едно исто лажиче за сите верници, со одговор дека „тое е вековнa традиција“, наспроти безбедносните мерки против вирусот корона кои налагаат да нема контакти меѓу граѓаните, мерките за изолација, за државни карантини, за миење раце,.. а Црквата бара со исто лажиче да се причестуваат граѓаните од уста во уста.

Нехигиенскиот третман е опасен во време на корона епидемијата и неодговорен одност од страна на Црквата по здравјето на граѓаните-верници, а тоа е „отворен пат“ за преност на болеста од еден на друг.

Еве некои од реакциите на граѓаните:

- „Замисли си докторна Инфективна, дома имаш жена и 2 дечиња, не те виделе 3 недели, скостен си од работа ... го ризикуваш животот за да спасиш нечија мајка, сестра, ќерка ... и иде МПЦ и вика јас немам кеш, ќе ги отворам црквите и ради пари ќе ти тродуплирам заразени. Метеору кај си“, напиша на Твитер Бапчо.

- „После Велигден, Филипче треба да прекине да споменува од кој град се новите заболени и да ги прозива Владиците: Демиркаписко - Кичевската епархија на Тимотеј 450 новозаболени... Преспанско-Пелагониската Епархија на Иларион 23о нови, 20 починати... Брегалничка Епархија 666...“ Tweet на Бапчо.

- „Една лажичка Корона не барај во црква седи дома. Период на преобразба, период на борба помеѓу доброто и злото. Од сите нас зависи победата на вирусот“ напиша на фејсбук Сузана Суи.

Last modified on Четврток, 16 Април 2020 - 05:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.