Д-р Микиќ: Внимателно со намалувањето на мерките, вирусот нема да исчезне за 90 дена
Епидемологот Владимир Микиќ во интервју за отвореното студио на 24 Телевизија порача дека олабавувањето на мерките треба да биде постепено, и само доколку се задржи овој тренд на новозаразени. Засега епидемиолошката крива на новозаразени е блага, со мал број случаи на ден. Ако се повлечат дел од мерките против ширешењто на корона вирусот кои сега се во сила, можно е многу луѓе да заболат во текот на еден ден, а тоа ќе го оптерети здравствениот систем.
- „Еднаш кога ќе се прекине карантинот ќе имаме лица кои го прележале вирусот и голем дел од населението кое ќе остане осетливо на вирусот. Зато не сум сигурен дека вирусот ќе исчезне за 90 до 100 дена како што се очекува со затоплувањето на времето. Ако намали степенот на заразување вакцина се' уште не постои, ќе ја нема во догледно време, затоа мерките треба да останат, да се олабават, но приправноста со болеста ковид-19 да остане“, порачува д-р Микиќ.
Тој предлага додека се справуваме со корона вирусот и од податоците на заразени, излечени, починати да се направи една студија во месец мај со цел да се согледа колку од луѓето го прележале заболувањето, зошто дел од населението не покажало никакви симптоми на болеста, а биле евидентирани за позитивни, колку имаме потврдени случаи со ковид, и да се оцени кои категории на лица се позаштитени од болеста - дали имаат одредени антитела па заради тоа не покажале симптоми на болеста и останале без манифестација на болеста ковид-19. Од резултатите на таа студија ќе зависи како ќе ги попуштаме мерките за социјално дистанцирање, отварање на некои бизниси со работа и слично, вели д-р Микиќ.
Тој се' уште е скептик за да се прогласи колективен имунитет на населението. За такво нешто потребно е 50% од населението да го прележал корона вирусот, за да може да зборуваме за забавување на ширењето на вирусот. Такво нешто кај нас се' уште не постои. Затоа треба внимателно да се оди со олабавувањето на мерките. За жал, не знаеме многу за вирусот и тоа колку од населението би стекнал имунитет, за жал учиме во од, додека се' уште се бориме со вирусот.
Стапките на смртност во светот упатуваат на тоа дека мерките за заштита од ширењето на вирусот се неопходни. Имаме веќе 2,4 милиони луѓе во светот заразени од корона, 13% стапка на смртност во Италија, над 10% во Шпанија, околу 3% во Германија, околу 4,5% е во Балканските земји. Овие стапки не се за потценување и најголемиот број на земји во светот се определиле да применат мерки за заштита од ширењето на корона вирусот.
Тој се осврна и на големиот број починати од респираторни инфекции, бронхопневмонији, пневмонија, старост, а кај овие лица не се направени тестови дали бил присутен вирусот корона и дали тоа е причината на предизвиканите компликации кои довеле до смрт на пациенот. Ова е вели глобална дискусија на светско ниво. Имаме извештаи за смртност од присутна болест кај пациентот без да се испита дали во време на пандемија предизвикувач на компликациите бил вирусот корона.
Затоа д-р Микиќ предлага: Внимателно со олабавувањето на мерките против короната.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица