Сцените од Струга ја разочараа јавноста

Сабота, 09 Мај 2020

Литијата во Струга и масовната посета од граѓаните без почитување на забраната за јавни собири, дистанца од 2 метри, носење заштитни маски и ракавици, грото од јавноста ја згрозија од помислата дека Струга ќе биде новото жариште на корона, кое некој непромислено го предизвикува.
Со реакција се јави и Министерот за здравство Венко Филипче, но и многу граѓани индивидуално го осудија настанот како неодговорен, себичен и „газење“ врз резултатите од сработеното во борбата со корона. Еве некои од реакциите:

„Ова е ШАМАРОТ ЗА СИТЕ здравствени работници!“
Ги рашамаравте и тие од интензивна нега, ги рашамаравте и тие од инфективна, го рашамаравте и напатениот лик на секоја една измачена и страдална медицинска сестра со раскрварен нос од маските. И секој лаборант и секој космонаут што зима 30 бриса дневно облечен како идиот за да ви се најде вас! Себични, Себични, Себични!!!!!!! СЕБИЧНИ! - напиша на фејсбук новинарката Мирослава Брнс.

Денис Јанкуловски, пак е вработен во Институтот за јавно здравје во Скопје и 8-9 часа на ден е во скафандер земајќи брисеви од таргетирани лица, се грижиш за здравјето на луѓето вели, „се бориш максимално за што побрзо да ја избркаме коронава и веруваш дека набрзо ќе се случи и тоа. И, наеднаш - Струга! И веднаш знаеш дека уште ќе се бориш со несовесноста, себичноста, безобразноста и безумието.“

Last modified on Сабота, 09 Мај 2020 - 02:08

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.