Почит за донорот, Емилија Динева од Стар Дојран - спаси три човечки животи

Сабота, 23 Мај 2020

Пациентка со мозочна смрт, Емилија Динева (45 годишна) родена од Јосифово, а жител на стар Дојран, која по тешка сообраќајна несреќа, со согласнот на семејството донираше срце и два бубрега, денеска спаси три човечки животи кои ќе продолжат со благослов на нејзините функционални органи.

Ноќеска по 6 часовна операција нејзиното срце беше трансплантирано на 52 годишен пациен со вграден аорто-коронарен бајпас и со огромна редуцираност со само 20% функционалност на срцевиот мускул, во државтана Клиника за кадриохирургија. Пациентот беше на листата на чекање за трансплантација.
Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за Урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа. Ова се огромни достигнувања на македонското здравство, но и огромна хуманост на донорот и неговото семејство кое продолжи здравје и надеж за тројца незнаници, но паталци за здравје.

- „Би сакале најпрво да се заблагодариме на семејството на донорот. Да се донесе одлука да се даруваат органи во моментот кога го губите саканиот, е тешко. Незамисливо тешко. Потребно е многу сила, многу љубов и многу хуманост да мислите на нечиј туѓ живот во моменти кога знаете дека сте го изгубиле најблискиот. И за ова сме им бескрајно благодарни. Тие се се хероите на оваа приказна. Би сакал да им се заблагодарам на лекарите од јавното и приватно здравство, медицинските сестри, координаторите и сите оние кои тимски ја направија трансплантацијата. Ова е огромен успех за македонското здравство“ – порача денеска министерот за здравство Венко Филипче.

- „За жал ЕДЕН живот згасна, но TРИ ќе бидат спасени. Изгубивме сограѓанка, пријателка, пред сѐ сопруга, мајка, баба… Прерано нѐ напушти.. Емилија Динева, твоето срце душо продолжи да чука“, пишуваат нејзините сограѓани на социјалните мрежи.

- „Емилија е родена во Јосифово, долги години со сопругот живее во Стар Дојран, мои соседи се и луѓе кои ги почитувам. Во понеделникот се случи несреќата, која за жал заврши кобно. Таа беше во кома изминатите денови, не преостануваше ништо друго… Одлуката да се донираат нејзините органи ја донесе целото семејство, сопругот на Емилија, нејзината ќерка која има 23 години и синот кој има 18 години. Нема зборови со кои може да се опише нивната големина. Оставија траг во нашето здравство, во нашата медицинска историја“ – емотивно раскажува градоначалникот на Дојран Анго Ангов за Фокус.
Тагата е присутна, вели Ангов, но открива дека цел град е горд на овој хуман потег.

- „Ова е и лекција за хуманост. Ништо од тоа знаење и целата технологија ќе беа немоќни доколку немаше донор. Со својата смрт да избави друг човек од истото, да му дари години со семејството, со пријателите, со деца и внуци. Од смрт на непознат човек му го даде најголемиот подарок на втор живот. Вечна му/ѝ слава на донорот и благодариме за лекцијата по хуманост“, напиша на ФБ Божидар Божиновски.

Last modified on Сабота, 23 Мај 2020 - 16:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.