Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Отворено со Марија Костадинова – кандидат за пратеник на СДСМ за ИЕ 4

Вторник, 16 Јуни 2020

За прв пат во парламентарната историја на Општина Гевгелија изборната трка на претстојните 11-ти по ред Парламентарни избори во државата од редовите на СДСМ ќе ја води жена кандидат, согласно принципот на партијата за рамноправна застапеност на обата пола, односно сооднос од 50% : 50%. Тоа е Марија Костадинова која се најде на листата на СДСМ за Изборната единица 4 усвоена од делегатите на 24 конгрес на партијата.

GevgelijaNet: Кои се мотивите за политичка актуелизација на еден успешен образовен работник, каква што е професионалната историја на Костадинова, дневникот и образованието на новите генерации да го замени со пратеничките седишта во Собранието на РМ? Дали беше мотивот јавниот оглас за самокандидатура на жените во политиката со објавениот оглас на СДСМ или мотивите се постари и подлабоки?

Марија Костадинова: Mојата професија e наставник. Работното искуство од 16 години ми дава за право и денес, исто како и првиот работен ден, да верувам дека сум ја избрала најблагородната професија. Првата генерација првачиња со кои ја започнав мисијата на описменување на најголемото богатство на светот – децата, денес во најголемиот број се академски граѓани: дипломирани правници, економисти, фармацевти, ги има од сите професии и сите се честити луѓе. Втората генерација се матуранти и ме радува што најголемиот дел од нив се на добар пат, не само да го потврдат, туку и да го надминат успехот на првата генерација. Горда сум на сите нив, се радувам на секој успех на моите ученици и тоа е можеби и суштина на мотивот кој ме поттикна дел од себе да посветам и на политиката.
Jас и моите ученици растевме, учевме, го спознававме светот околу нас и мечтаевме за подобар. Но, преиспитувајќи се себе си во изминативе месеци, сфатив дека, како човек, мајка, наставник, имам обврска, мојот општествен ангажман да го „проширам“ и надвор од кругот на описменување на нови и нови генерации. Знаете, кога сте наставник, ги учите децата на убави и корисни работи. Им ја претставувате добрата страна на животот, ги подготвувате да успеат во еден пристоен свет. Меѓутоа, целиот тој ентузијазам за совршеност, спласнува за миг кога ќе сфатите дека сте успеале да образувате генерации ученици кои во еден момент стануваат возрасни образовани луѓе наеднаш соочени со прилично нефер услови да го реализираат тоа што го научиле.
Затоа сметам дека им должиме средина во која низ фер натпревар ќе можат да се реализираат, докажуваат и да бидат успешни. Дома во татковината, не по белиот свет. И тука настапува мојата подготвеност да се вложам во создавањето на општествено-политичка-економска и демократска средина во која ќе владее законот, правото, правдата, успехот на поединецот преточен во заеднички успех на нацијата, со работно ефектурирани, успешни и среќни нови генерации. Значи како креатор на образовните напредоци на новите генерации, осетив потреба да бидам креатор и на нивниот институционално поплочен пат кон успехот. За то се потребни демократски институции, каде главен збор во нивната законска функционалност ја има Собранието сочитено од гласовите на граѓаните, каде јас се подготвувам да го дадам својот несебичен придонес како иден пратеник од СДСМ.

GevgelijaNet: Вашите политички определби не се непознати и не се нови за средината од која произлегувате. Бевте член на Советот на Општина Гевгелија од редовите на СДСМ за време на претходниот мандатен состав кога вашата партија беше во опозиција на локално ниво. Често настапувавте со прашања и теми од вашате професионална определба и од вашата средина на живот и работа. Образованието, подобрувањето на животот во руралните средини, комуналните удобности остануваат ли и понатаму во жижата на вашиот интерес како иден политичар во законодавниот дом?

Марија Костадинова: Извршувањето на функцијата член на Советот на Општина Гевгелија во претходниот состав го сметам за драгоцено искуство на конкретен општествено- политички ангажман. Настапував во име на граѓаните, можеби најчесто од средината од која доаѓам. Меѓутоа, се трудев да не го фаворизирам само образованието, туку да ги актуелизирам сите прашања кои беа од интерес на граѓаните, а се надлежност на локалната самоуправа. Пратеничката функција претпоставува поинакви надлежности кои во основа се покомплексни и на едно друго ниво. Она на што уште сега можам јавно да се обврзам, е дека мој приоритет од позиција на пратеник ќе бидат потребите, интересите, проблемите на граѓаните од Општина Гевгелија и од нашиот поширок регион. Се разбира, сето тоа во контекст на интересите на напредокот на државата генерално.
Гевгелија како град, како општина, како регион има свои специфики, што ме инспирира моја клучна цел како пратеник во следниот парламентарен состав да бидат заложбите за ефектуирање на стопанско-економските-трговско-туристички потенцијали на Гевгелија, со тоа што на крајот на мојот пратенички мандат да биде многу понапред, во однос на тоа што е сега. Во секоја смила. Моја заложба ќе биде новото парламентарно мнозинство и новата Влада предводени од СДСМ да ни бидат наши партнери и сојузници, на дело да покажеме дека и Гевгелија може и подобро и повеќе.

GevgelijaNet: Во Вашата средина веќе ве знаат како успешна и професионално реализирана жена. Зад таа слика стои и жената од нашето секојдневие, мајка, сопруга, пријателка, соседка. Што ќе додадете за докомплетирање на Вашиот „профил“ на личност? Како ги балансирате сите тие семејни и професионални обврски во животот?
Марија Костадинова: Кога се работи со љубов и посветеност, кога сте доследни во остварувањето на поставените цели, работите одат полесно. Дури, гледано од страна, се’ изгледа така мазно и фино, па некој ќе рече – лесно е кога на човек му работи среќата. Дефинирањето на успехот, среќата и слично е прилично релативна работа. Во одреден момент заради нешто сте задоволни, среќни, исполнети, во друг момент го чувствувате спротивното. Ако во очите на некој сте успешни, некои други очи поинаку гледаат и поинаку го дефинираат вашиот успех. Би било непристојно јас да си дефинирам самата за себе профил преку кој би се издвоила како нешто посебно од остнатите. За мој успех ја сметам слогата, почитувањето и љубовта во нашето семејство, моите три деца, поширокото семејство, искреноста на пријателите, секој успех на моите ученици. Тие нешта ме исполнуваат и ме прават радосна. Убаво кажавте и самите, јас сум: жена, сопруга, мајка, пријателка, сосетка од нашето секојдневие. Единствено поразлична во овој момент од другите ме прави тоа што сум кандидат на СДСМ за пратеник во Собранието на РС Македонија, подготвена да бидам нивен застапник во законодавниот дом. И тоа е единствената, ако може така да кажам, посебност и општествена посветеност, како жена и личност од овој крај, од југот на Македонија, во овој момент.

GevgelijaNet: Да се вратиме на изборите кои Ве очекуваат како кандидат. Започнаа, па се прекинаа изборните рокови заради светската корона пандемија и состојбата со епидемијата на вирусот и кај нас во државата. Во очекување на нов почеток на изборните дејствија како ги поминувате деновите, ги искористивте ли за одговор кон зајакнување и заштита на јавното здравје, реорганизација на наставниот процес, или за зајакнување на вашите програмски изборни адути?

Марија Костадинова: Знаете, јас сум сe уште само кандидат за пратеник но, сум родител и директор на Општинското Основно училиште „Климент Охридски“ во Миравци. Изборниот процес заради пандемијата беше прекинат во еден специфичен период, пред дозволениот рок за кампања, дваесетина дена пред денот на гласање. Сосема нормално е кога сте во улога да учествувате во внатрепартиските процеси на подготовките на едно предизборие, а во исто време редовно да ја извршувате и својата професионална улога, дека водите едено прилично динамично секојдневие.

Од почетокот на март до денес, мој прв приоритет на дневна основа е организирањето на наставата, од некогашните класични во нови наметнату услови со е-учење од дома, ангажманот да се обезбедат компјутери за следење на наставата во семејства со ученици каде немаат персонални компјутери, успешно го спроведовме со колегите процесот на успис на првачињата за следната учебна година, и ете, стигнавме и пред чинот на доделување на свидетелствата. Ова е сосема ново искуство, повеќе би рекла искушение, и за мене, и за колегите наставници, и за учениците и родителите. Нестандардно, невообичаено, ама нужно. Во буквално вонредни услови, кога лебди заканата од ширење на вирусот како наставник, како родител, па ако сакате и како претендент за пратенички мандат, имате одговорност зголемена за онолку пати колку што имате улоги. Во еден таков сложен контест, јас се определив за активен ангажман во секоја смисла.

Како општествено ангажирано лице активно се вложував и во примената и ширењето на важноста да се почитуваат препораките за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, не само во средината во која живеам и работам туку и препораки до учениците, родителите, секојдневните луѓе со кои контактирам, се разбира со новите технологии, заради дистанцата која ја наметна опасноста од ширењето на коронавирусот. Наметнатиот императив од потребата за заштита на јавното здравје и итна потреба од здравствени средства и дезинфициенси ме насочи во помагање, донации и други хуманитарни акции.

Во периодот не заостануваа ниту партиските подготовки кои се одвиваа во континуитет, преку контакти со моите сограѓани со примена на заштитните протоколи или најчесто преку технолошките алатки за комуникација со граѓаните, така што во разговор со нив секојдневно ги потврдувам своите зацртани заложби кои си ги поставив како приоритет во текот на остварувањето на пратеничкиот мандат за кој ја очекувам нивната доверба.

GevgelijaNet: Изборниот роковник почна повторно да врти со закажувањето на Вонредните парламентарни избори за 15 јули. Како е темпиран Вашиот изборен роковник за работа?

Марија Костадинова: Како држава, како народ живееме еден навистина сложен, прекомплициран период. Короната или Ковид-19 не е локална епидемија која зафатила град или мал регион во нашата држава, пандемија е зараза од светски размери. И, сето тоа нам ни’ се случи во еден расчекор. Распуштено Собрание, техничка Влада, речиси полуфункционални институции. Сепак, СДСМ како партија остана одговорна на задачите – обезбедување здравствена безбедност на граѓаните и политички консензус со опозицијата за определување датум за избори кои се неминовни за државата. Во овој контекс ќе ја нагласам и големината на нашиот лидер со својот преговарачки капацитет да не исклучи никого од изборната трка, постигнувајќи консензус за датум со опозицијата, така што создадени се услови без блокади и бојкоти на изборите да учествуваат сите 14 веќе пријавени партиски листи од политички и граѓански странкии и да се вклучат непречено во изборнит процес закажан за 15 јули.
Генерално, мојот фокус е како овој период да се искористи за да останеме објективни, приземни и свесни за тоа како стојат навистина работите.
Политичкото уредување на државата е Парламентарна демократија, а во моментот РСМ има самораспуштен парламент. Забрзувањата на изборните дејствија, па и во време на корона заканата се неминовни, заради обезбедување на парламентарната демократија, да се обезбеди гласот на граѓаните во институцијата која тие ја бираат - Парламентот, за да можеме да имаме функционален, а не распуштен парламент кој никому не му служи. Воедно Парламентот е органот во државата кој според Уставот и законите ја бира Владата. Нам ни е потребна легитимна, а не техничка Влада, легално избрана со мнозинството гласови на граѓаните и потврдена од пратениците.
Во таков политички контекс, и покрај сите мои професионални и општествени обврски усмерена сум на политичката одговорност како член на СДСМ и кандидат за пратеник да ја подготвам мојата средина со фактот дека секое друго замајување со вистината, ја носи Македонија во несигурност. А со хаосот и несигурноста, секој граѓанин-домаќин знае дека следува дисфункционалност, а тоа не е целта на СДСМ, не е желбата на граѓаните. Затоа, ќе ги повикаме граѓаните со својот глас да и’ дадат шанса на иднината на РС Македонија, како членка на НАТО Алијансата и земја која ја очекуваат кандидатски преговори за членство во ЕУ да се избориме заедно за стабилна, безбедна и економски просперитетна иднина со нашите ЕУ и НАТО сојузници.

GevgelijaNet: Имате ли порака до граѓаните, до јавноста: Зошто избори, зошто сега, зошто треба да веруваат на жена кандидат, зошто треба да излезат да гласат, секако со заштитни маски против корона?

Марија Костадинова: Во интерес и на државата и на народот е од оваа состојба на тапкање во место и вртење во круг да излеземе час побрзо. За вакви вонредни околности, искрено некако одфазла ми доаѓа да коментираме дали жена, дали маж-кандидат и слични нијанси кои би биле релевантни потпрашања во нормална ситуација. Знаете, важно е, пред се’, да се биде човек, (чесен, одговорен, посветен, искрен....).

Јас сум убедена и верувам дека опасноста да се заразите, е далеку поголема и многу веројатна ако си дозволите да одите на слава, роденден, матура, да се групирате на кој било начин каде освен вас има уште 5, 10, 20, 50 или 60 присутни /гости, отколку прописно заштитени со маска, ракавици да застанете во ред во кој има пропишана дистанца и да го остварите своето право на глас. Погледете од каде и од што произлегуваат сите нови кластери, на што се должат сите новозаболени? Тоа се групни семејни настани (свадби, погреби) кои со уредба се забранети. Значи, некој свесно се изложува на зараза, заради ширењето на лажните информации дека короната ја нема. Така што, секој обид за одлагање на денот на изборите во чија основа се дневно-политички калкулации и партиски интереси, е нешто страшно и штетно за државата.
Се разбира, изборите треба и мора да се одржат, со спроведувањето на строго определен здравствен протокол за заштита како на избирачките одбори, така и на граѓаните кои ќе пристапат да гласат, и набљудуван од тимови на ОБСЕ-ОДИХР кои веќе се согласија да го следат изборнит процес кај нас во Македонија.
Ја живееме втората декада од 21 век во кој короната ја смени здравствената и економска слика на светот и планетата. Да не дозволиме овој светски феномен да стане и безбедносно-политичка закана за нашата држава од политичкото опкружување во регионот. Затоа ни требат избори, за да избереме функционален Парламент и да воспоставиме легитимна Влада. Да се организираат институциите за опслужување на граѓаните, а не да се препуштиме на паниката и хаосот.
Верувам дека граѓаните ќе гласаат за здравје и нова безбедна иднина со легитимни институции во државата!

GevgelijaNet: До остварувањето на сето ова, Ви посакуваме здравје и успешна работа за доброто на граѓаните и целата наша општествена заедница.

Марија Костадинова: Ви благодарам! Ви посакувам добро здравје и успешна работа и вам лично и на вашата редакција! И, повторно апелирам до сите: носете лична заштита, држете дистанца, мијте што почесто раце! Чувајте се!


Last modified on Вторник, 16 Јуни 2020 - 13:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.