Топ Новости >

Кривична одговорност за неспоивост на функциите пратеник, министер и премиер

  • Четврток, Јан 19 2017

{flike}

„Поради неспоивоста на пратеничката со други функции, премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров и министерката за култура Елизабета Канческа Милеска треба кривично да одговараат, затоа што извршуваат министерски функции, а имаат верифицирани пратенички мандати“, тврди д-р Мирјана Најчевска.

„Функциите кои ги извршуваат во Владата во оставка, според Уставот, според Законот за пратениците, според Изборниот законик и според Деловникот на Собранието се неспоиви, а според Кривичниот законик, владините функционери треба да одговараат за лажно претставување“, децидна професорката д-р Мирјана Најчевска, која во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, посочува и дека Собранието, согласно со законските регулативи, треба итно да свика седница и да им ги ги одземе пратеничките мандати.

НАЈЧЕВСКА: И Уставот и законот се многу јасни и многу децидни по прашањето на неспоивоста на пратеничката со други функции, посебно, со функции во извршната власт. Тоа е направено, затоа што поделбата на власта и контролата на Собранието над извршната власт, се еден од темелните камења на структуирањето на нашата правна држава и на структуирањето на демократијата во Република Македонија. Поради тоа, секој облик на негирање на оваа поделба на власт, а токму за тоа станува збор во моментот кога ќе дојде до спојување на функциите, всушност, е противуставно, односно е удар врз уставниот и правниот поредок во државата. Ова никако не смее да се смета за минорна работа, поради тоа што многу други елементи се поврзани токму со ваквиот начин на третман на неспоивост на функциите во извршната и во законодавната власт. На пример, во моментот кога имаме дуплирање на овие функции, не може да се остварува контролната функција на Собранието, коешто во моментов е конституирано. Инаку, би излегло дека еден пратеник сам себеси се контролира како претставник, како функционер во извршната власт!?

Исто така, не е јасно кое е мнозинството, бидејќи, ако имаме пратеници за кои не е сигурно дека навистина се пратеници, затоа што не е споива нивната функција со другата функцијата која што веќе ја имаат, во тој случај, не е јасно каде и колку имаме мнозинска структура во самото Собрание.

Трето во моментот има законски определени потписници во министерствата каде што министрите се избрани за пратеници, а тоа се нивните заменици министри. Тоа значи дека има лажно преставување на некого како претставник на едно министерство, што претставува и кривично дело, односно може да се бара и кривична одговорност.

ЦИВИЛ Медиа: Која е законската солуција за ваква ситуација?

НАЈЧЕВСКА: Законот е многу јасен. Во случај на ваква форма на конфликт на функциите, автоматски се одзема мандатот на пратеникот. Значи, се свикува седница на Собранието и тоа е еден од основите за одземање, за престанување на мандатот на пратеникот! Токму поради тоа што е толку важна оваа поделба на властите, нема никакво поинакво мислење, туку едноставно, само се одзема неговиот мандат. А, за прекршувањата коишто се направени во однос на лажното претставување, за тоа може да се поведе и кривична постапка. Уште повеќе, затоа што, како пратеник, еден човек има пратенички имунитет, а како министер нема таков имунитет, односно, нема никаков вид на имунитет. Тоа значи дека овие луѓе во моментот, доколку направат нешто, коешто потпаѓа под пратеничкиот имунитет, нема да можат да бидат соодветно гонети!

ЦИВИЛ Медиа: Што доколку сега поднесат оставка, кој би ја извршувал министерската функција? Може ли ВМРО-ДПМНЕ да именува други министри?

НАЈЧЕВСКА: Не се работи за тоа, дали може или не може да поднесат оставка. Во моментот на верификација на пратеничкиот мандат, тој човек не смеел веќе да биде министер. Значи, за овој период е веќе прекршен законот. За секое прекршување на законот, мора да се одговара. ВМРО-ДПМНЕ не може да даде нови министри, токму затоа постојат заменици министри, затоа што ова е Влада во оставка. Значи, не се министрите во оставка како поединци, туку Владата како структура, како организација, и токму за вакви ситуации се префрла потпишувањето на соодветниот заменик, којшто ги врши техничките работи сé до изборот на новата влада.

Извор: Цивил

Автор: Моника Талеска

Министерот за Здравство го прекина тендерот

Министерот Венко Филипче донесе одлука да се поништи тендерот вреден 35 милиони евра

Повеќе

Заев: Ќе ги ревидираме одлуките ако утврдиме судир на интереси

Правилата мора да важат еднакво за сите, никој не смее да биде фаворизиран, изјави премиерот Зоран Заев

Повеќе

Поставен камен темелник на Хидро Системот „Конско“ во Гевгелија

Премиерот Зоран Заев, министерот за земјоделство Николовски и фирмата изведувач од Турција денеска на свечен начин поставија камен темелник за почеток на изградбата на браната „Конско“ кај Гевгелија

Повеќе

Пресуда „Труст“: 9 години затвор и конфискација на 17 милиони евра

Сеад Кочан доби 6 години затвор, Авировиќ 3, Ватиќ е ослободен, а ќе се конфискува противправо стекнатиот имот на „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ во вредност од 1,06 милијарди денари

Повеќе

Општина Гевгелија одобри 5,3 милиони денари за водоснабдување

Со буџетска интервенција од дополнителни 5.305.992 денари Општина Гевгелија ќе го доврши започнатиот проект за „Подобрување на системот за водоснабдување во Гевгелија“

Повеќе

Прекин на електроснабдувањето

Денес прекин во делот помеѓу Богданци и Гевгелија, а утре е најавен прекин во Миравци, Давидово, Петрово и Габрово

Повеќе

ОЈО покрена обвинение против градоначалникот на Ново Село

Обвинителството бара градоначалникот да остане во притвор

Повеќе

„AQUA M2“ - ЕУ проект меѓу Гевгелија и две солунски општини од Грција

Заеднички Европски еколошки проект „AQUA M2“ меѓу општините Гевгелија и општините Пеонија и во Халкидона од соседна Грција и Универзитетот Аристотел од Солун 

Повеќе

Хоризонтална сигнализација на улиците

Продолжува акцијата за урбано уредување на Гевгелија со асфалтирање на улици во градот и населените места, а од денеска и со механичко одбележување на хоризонталната сигнализација на улиците низ

Повеќе

Денес променливо облачно

Можен пороен дожд во западните и јужните делови од земјава

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.