Кладилниците се ортаци со државата

Среда, 22 Јануари 2014

Државата ослободи од данок фирми кои годишно вртат 100 илјади евра а некои од нив имаат фантастични пријавени приходи. Сега даночната обврска слегна на кладилничарите. Дали тие ќе бегаат на интернетското кладење? 

Обложувалниците членки на Услужната комора на Сојузот на стопански комори се задоволни од прифаќањето на барањата за олеснување на процедурите за плаќање на данокот за добивките остварени во обложувачниците. Согласно измените во Законот за персонален данок на доход, кај посебните игри на среќа се предвидува одданочување од 10 проценти на реалната добивка (односно сума на исплата минус уплата) на секој поединечен добитен тикет.

ЗАДОВОЛНИ ПРОФИТЕРИ Од обложувалниците, членки на ССК, појаснуваат дека играчите на среќа нема да имаат обврска добивките во обложувалница да ги пријавуваат во своите годишни даночни пријави во УЈП, ниту пак обложувалниците ќе издаваат потврди кон играчите.

Останува обврската на обложувалницата да ги евидентира сите граѓани кои оствариле добивка во своите уплатно-исплатни места, за истите да подготвува месечни извештаи до надлежните институции, да им задржи 10 проценти од реално остварената добивка и во нивно име да го плаќа персоналниот данок на добивка, истакнуваат од обложувалниците.

"Кец", нула или двојка, "кец у кец", "два у два", од два до три гола, "два у кец", коефицинети, системи, сингл. Овие зборови ги слушаме секој вторник или среда кога има Лига на шампиони, секој четврток кога има УЕФА куп, секој викенд кога се одржуваат националните првенства или кога играат репрезентациите, буквално секој ден.

Едно од објаснувањата на социолозите за феноменот на обложување, е дека тој е најактуелен во земјите каде што луѓето немаат редовна работа, или пак во земји со голема стапка на невработеност, и дека на тој начин луѓето се надеваат на брза заработувачка.

БОГАТИ И СИРОМАШНИ Но, дали навистина е така? Зошто тогаш во САД богаташите често се обложуваат на коњски трки, зошто облозите за популарното Super Bowl достигнуваат стотици милиони долари, зошто Европа беше преплавена од облози при изборот на новиот понтиф на Римокатоличката црква, или Велика Британија при раѓањето на кралското бебе, кога во обложувалниците се вртеа големи суми. А кога зборуваме за Британците, едно нешто треба да се има на ум: тие се обложуваат буквално на с?. Анализи на Државната комисија за обложување покажале дека просечен Британец се обложува 93,6 пати годишно. Најпопуларен облог секој година, е дали за Божиќ ќе паѓа снег.

Материјалното секако дека игра улога, но не треба да се занемарат и другите фактори, како: човековата склоност кон превземање ризици и возбудата што со себе ја носи тоа, како и претпоставената среќа што ја носи добивката.

За обложувалниците нема зима. Како инаку би се објаснил фактот дека нивниот број постојано расте (има над 800 места каде што може да играте спортска). Расте бројот на уплати, растат и профитите на кладилниците. Точна бројка, колку Македонците трошат на спортско типување, тешко е да се даде. Најверојатно, вкупната годишна сума изнесува над 100 милиони евра. А за нашата пасија да играме спортска се чини, надалеку се слуша. Во напис на Форбс од пред пет години, стои дека дури 40 проценти од населението во земјава посетува обложувалници, а ако претпоставиме дека ваквиот тренд продолжил и во изминатиот период, тогаш излегува дека половина Македонија игра спортска!

СПОРЕДБА Во Хрватска буџетот на војската изнесува 4,3 милијарди куни а обртот на кладилниците е 4,2 милијарди куни!

БУКМЕЈКЕРИ Коефициентите на секој натпревар го одредуваат луѓе наречени "Bookmakers". Тие прават проценка на ризикот на одреден спортски натпревар. Ако се знае дека губитниците губат 100 отсто од влогот, тогаш прашањето што живот значи за кладилниците, е колкав дел од тие пари ќе оди кај добитниците. Токму тоа е работата на букмејкерите, да ги одредат коефициентите до ниво, кое на кладилницата ќе и гарантира заработка. А губитници секогаш има многу!

Кон крајот на летово, Скопјанец со уплата од само 20 денари, успеа да добие фантастични 224.640 денари, или околу 3.600 евра, преку типување на точниот резултат на три натпревари. Вкупниот коефициент кој овој човек го погоди изнесува неверојатни 1: 12.480.

Државата издава лиценци за организирање игри на среќа на јавен оглас. За да му се издаде на некое трговско друштво, со седиште во Република Македонија, лиценца за да приредува "Обложување на спортски натпревари", треба да се исполни следниот услов: основата главнина на друштвото да изнесува 200.000 евра, плус да обезбеди банкарска гаранција од 300.000 евра. Друштво кое има од 25 до 50 уплатни места, треба да обезбеди дополнителна банкарска гаранција од 50.000 евра. Друштвото треба да обезбеди соодветни простории, стручен кадар, редовно да исплаќа плати на вработените, но и да ја одржува вредноста на основната главнина. Лиценцата за отворање на спортска обложувалница чини 100.000 евра

ХРВАТСКА За првите четири месеци од 2013 година во сите хрватски обложувалници се уплатени 1.5 милијарди куни или околу 200 милиони евра, покажуваат податоците на тамошното Министерството за финансии. Дека овие енормни износи растат од година во година, најдобро зборува и податокот од минатата година, кога околу милион Хрвати, колку што редовно ги посетуваат обложуваниците, на 2.264 улатни места во целата земја оставиле 4,2 милијарди куни, или околу половина милијарда евра.

Со оваа сума, единствено може да се спореди буџетот на земјата за одбрана кој изнесува 4,3 милијарди куни. Сите други државни фондови и буџети на министерства немаат шанса да се споредат со жедта на Хрватите за обложување. Тешко е да се процени колку заработуваат кладилниците, но се претпопставува дека вкупниот нивен годишен ќар изнесува помеѓу 70 и 100 милони евра. Дека се работи за голема заработувачка, најдобро зборува и податокот на Министерството за финансии, според кој бројот на уплатните места постојано расте.

До медиумите сепак деновиве дојде и едно интерсно писмо од читател. Во него се вели дека со новиот закон само се потврдува дека државата е за некого мајка а за некој маќеа. Со носењето на закон кој ќе се оданочува 10 отсто од секоја добивка или исплатен тикет, државата покажува дека не се грижи нималку за народот, играчите, работниците … "Тоа е закон донесен лаички од типчиња кој се задолжени да ги хранат хиените во администрацијата и да се полни буџет. Брцни од едните, дај им на другите. КОНТРОЛА ДО МАКСИМУМ Овој закон никако не содејствува со нашето живеење ниту е фер, ниту е реален. Понеиздржан закон не можеше да се донесе. Меѓутоа е закон!. Никој не е задоволен, од тие со 20 денари уплата, па нагоре. Значи има една армија на луѓе кои изразуваат незадоволство, онака меѓу себе или само со себе. Утре и да донесат закон 90 отсто од народот да плаќа додатен данок, пак се ќе помине како со овој - во мир и тишина. Да го објаснам онака просто во неколку чекори" - се распишал читателот.

Прво: Секој вработен кога подигнува плата, уредно си плаќа данок на државата. Сега мора да плаќа уште 10 отсто од секоја "добивка", што е двојно оданочување. Просто: ако уплатиш 1.000 денари и играш на услов и исплатата ти е 800 денари, ти плаќаш пак данок од 10 отсто на твој пари, иако си во загуба 200 денари а не си во добивка. Притоа, ти бараат лични карти, да те контролираат до максимум, да не можеш да дишеш. Најверојатно ќе почнат да бараат и извод од матично, не постар од 3 месеци.

Второ: Место кладилниците да го плаќаат овој данок, како што беше до сега, го сменија и играчите ќе го плаќаат. Или, во суштина ги извртија работите. Данок за филм, за музика итн. Што го донесоа го плаќаме ние. На кладилниците им остана истата обврска. Го изиграа ептен мајсторски за ептен да не понижат.

Трето: Место да донесат закон или да пробаат нешто да направат со тајкуниве (газдите на кладилниците) кои пријавуваат чисти добивки сите заедно повеќе од 100 милиони евра, тие удрија на нас и им ги зголемија должностите на и така измачените работници или робовите во кладилниците, кои работат за 200 евра плата на празници и на делници. Божик , велигдени, недели … нема за нив ништо од тоа, тие се робови. Еве вака: Спортлајф пријави чиста добивка од 52 милиони евра на годишно ниво. Ако има 5.000 вработени ( не знам точно,само давам пример) и на сите до еден место 200 евра им ја покачи платата да земаат 700 евра нето плата, тоа се 2.500.000 евра. Еве да додадеме и двојно за трошоци од придонеси.. плус 2.500.000 евра ( што не се толку, веројатно се многу, многу помалку). Тоа се 5 милиона помалку. Значи место да лапа на грбот на работниците, робовите, ќе пријави добивка од 47 милијони евра. Сваќаш нели ??

ДОБИВКА Летоска на спортска еден скопјанец освои 3.600 евра. Тоа е најголема поединечна добивка за лани

БУЏЕТАРСКИ ХИЕНИ Четврто: На крај овој закон можеби малце повеќе пари за хиените буџетарски ама носи огромен одлив на девизи по интернет страните кои се за кладење. Државата у суштина губи многу. Има закон ако те фатат дека се кладиш на интернет ќе ти лупнат казна од 1.000 евра. Така тоа они си го решиле. Дебили, неписмени, лаици, комедијанти. Е сега вака да им кажам, прост пример да видат колку се кретени. Чисто за мене ќе им кажам иако се префрлаат и многу други на овој начин на трошење на своите пари. Имап страни милион кој работат со виртуелни пари. Парите ги уплаќам на монибукерс или скрил по ново. При уплатата те прашува дали се за коцкање, обележуваш дека не се бидејќи државата им нареди на банките да не пуштаат пари ако се за коцкање. Ти обележуваш дека не се. Потоа од монејбоокерс(скрилл) ги префрлаш на другата виртуелна сметка, каде сакаш пајпал, монејбоокерс, смарт, афех, трансферГО… ги има милион. Од таму на која сакаш страна за кладење. Кога ќе добиеш процедурата е иста назад парите. Сето ова се случува за 1 минутка.

Сега другари кога ќе си ја видат грешката, гарант за некој ден ќе го вратат стариот закон. Зашто живееме у држава во која не водат луѓе кои се единствено се секираат за нивниот рејтиг и што подолго да се остане на власт. Ќе почувствуваат незадоволство од ова, ќе ги искалкулираат изгубените гласови. Ќе кажат пу пу не важи и ќе се преорентираат на некој друг закон со кој ќе имаат по чиста математика со газдите и дебилните гласачи.


Извор: Глобус
Автор: Васко Миланов

Last modified on Недела, 26 Јануари 2014 - 05:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.