Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

АРСЕНОТ ОД ВОДАТА КАКО ЗАКАНА ЗА ГЕВГЕЛИЧАНИ

Сабота, 01 Март 2014

АРСЕНА Пробајте ја водата, која секој ден ја пијат гевгеличани - ова беше успешен хепенинг на невладината "Фото глас". Граѓаните на Гевгелија пијат вода загадена со арсен кој предизвикува неколку видови на канцер. Власта со години ништо не први за да го реши овој проблем

Последна шега од Гевгелија е дека оттаму ја прашале популарната баба Рада каков чај им препорачува на оние кои имаат канцер на црниот дроб. Таа прашала - а од каде сте? Тие одговориле - од Гевгелија. Коментарот бил - ау, ау, ау...

РАЗГОВАРАЛ Ова што следува не е шега. "Разговарав со градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов, за проблемот со водата од гевгелискиот водовод загадена со арсен и тој ми кажа дека се работи на проектот со кој ќе се обезбеди вода за пиење од друг извор, рече неодамна министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за случајот. На дополнителното прашање што ќе се презема за заштита на населението од водата со отров додека не профункционира снабдувањето од нов извор, Тодоров рече дека нема коментар. Инаку, истиот министер на прес-конференција информираше за новиот режим за продажба на витамински препарати и лекови за болки и за температура во продавници и бензински пумпи.

Ова беше единствената реакција на власта на хепенингот што гевгеличани го приредија на 17 ти февруари на скверот Јадран, како своевидна промоција и дегустација на гевгелиската водата "Арсена". На промоцијата беа презентирани резултатите од анализите на водата "Арсена" која доаѓа директно од гевгелиските чешми од градскиот водовод.

 

Според последните анализи на водата за пиење во Гевгелија (како и според сите претходни направени од страна на Институтот за јавно здравје на РМ) оваа водата не е за пиење заради присуство на прекумерните количини на отровниот елемент - арсен.

Арсенот е еден од најсилните отрови, кој и во многу мали дози, убива бавно, но ефикасно и се акумулира во човековиот организам. Кога ќе ја достигне потребната доза предизвикува серија заболувања и проблеми со црниот дроб, кардиоваскуларниот респираторниот и репродуктивниот систем, како и сите видови промени на кожата. Арсенот предизвикува канцерогени заболувања како рак на мочен меур и бубрези, рак на црниот и белите дробови и леукемија. Арсенот предизвикува стерилитет, спонтани абортуси и предвремени породувања.

ПРОБА не дојде никој од официјалните претставници на власта да проба малку од "арсената"

СПОРЕДБА Во саботата белградска "Политика" на насловната страница донесе алармантен извештај од Војводина каде присуството на арсен во водите во Покраината довела до тоа во 2011. година,од канцер да умрат 6.083 граѓани, а стапката на смртноста била 158 (158 умрени на 100.000 лица). За споредба, во централна Србија во истата година смртноста од рак била 135.

Шта зборува овој податок - прашува весникот? И одговара инженерот по технологија Милета Перишиќ - зголемената смртност од канцер во Војводина можат да ја поврзат со зголемената концентрација на арсен во водата која ја пијат во овој дел на Балканот. Тоа е проблем што трае подолго од две децении. Тој се поврзува со официјалните податоци дека околу 800.000 жители на Војводина пијат ваква вода. Тој тврди дека таа врска во светот е испитана и докажана!

Иако проблемот постои во Гевгелија повеќе од 7 години, никој од надлежните досега не ги информирал граѓаните за опасностa на која се изложени, ниту сериозно се нафатил со решавање на проблемот со прекумерното присуство на арсен во водата за пиење, кој драстично ја зголемува смртноста од неоплазми (зеднички именител за сите малигни заболувања) во Гевгелија.

На промоцијата пред хотелот "Јадран", покрај анализите на водата, на заинтересираните претставници на медиумите, им беа претставени и неофицијалните (бидејќи не постојат официјални) статистики, анализите на смртост од канцерогени заболувања во Гевгелија кои бележат огромен пораст во последниве 7 години (некои години и над 70 отсто, споредено со периодот од пред 2006 година) кога за првпат се појави овој проблем. Промоцијата на водата "Арсена" во Скопје имаше за цел да го потенцира овој проблем на национално ниво, бидејќи во Гевгелија постои невидлива забрана за јавно отворање на овој проблем.

ТОДОРОВ Министерот последен дознава дека граѓаните на Гевгелија пијат вода со арсен!

ВНИМАНИЕ Организаторите се надеваат дека со оваа промоција го свртеа вниманието на македонската јавност кон овој, за нив, животно значаен проблем, што ќе придонесеме за негово побрзо решение.

Инаку организатори на промоцијата беа група граѓански активисти од Гевгелија, поддржани од платформата за решавање на локалните проблеми "Фото Глас".

Власта навистина после два дена пушти вест дека во Гевгелија започнало дупчење на првиот бунар од бунарското подрачје кај Вардар, кој ќе обезбеди дополнителни количества на квалитетна вода за пиење во регионалниот водовод. Надлежните очекуваат да се обезбедат 50 литри вода во секунда и доколку се дојде до посакуванотио количество, веднаш ќе се направи уште една проверка на квалитетот на водата и ќе се пристапи кон изградба на бунарот.

Паралелно со ова, гевгелиското јавно претпријатие "Комуаналец", организираше одредување и означување на заштитни зони околу сите бунарски подрачја во Гевгелија и населените места со цел да се обезбеди целосна заштита на бунарите и резервоарите со вода за пиење.

Но, видливо беше дека ова се стори само како реакција на акцијата на активноста на невладината организација “Фото глас“.

ИНФОРМИРАНИ Како што пишувавме во Глобус, давателот на услугата ЈПКД "Комуналец" - Гевгелија, иако известен од јавната здравствена установа "Институт за јавно здравје" на Република Македонија за зголеменото присуство на арсен, според утврдените резултати на терен очигледно е дека на презел никакви мерки за надминување на состојбата за намалување на концентрацијата во безбедни граници. Ова го покажуваат неколкуте последователни мерења со кои се утврдени растечки концентрации на арсен во земените примероци вода за испитување. Така, состојбата со присуството на арсен на 5.12.2012 година изнесувала 12,7 микрограми на литар вода (се однесува на наод од Бунар 1). Дваесетина дена подоцна постапката на испитување е повторена и констатирано е дека на 26.12.2012 година присуството на арсен е 12,3 микрограми на литар вода. Следните дваесет дена концетрацијата е зголемена со резултат од 17,4 микрограми арсен на литар вода, што е констатирано при испитаниот примерок од 15.1.2013 година.

Стручњаците од Војводина велат дека максимално дозволена граница за присуство на арсен е 10 микрограми на литар вода.

- Арсенот најдобро се апсорбира од водата, подобро од храната и затоа од таму е и најопасен по здравјето - вели Снежана Живковић-Перишић, специјалиста епидемиологије, која је координаторка Регистра за рак у Институту за јавно здравље "Др Милан Јовановић Батут". - Арсенот е одговорен за четири локализации: за рак на белите дробови, кожата, бешиката и гениталниот тракт - објаснува за "Политику" др Живковић-Перишић.

 

Извор: Глобус магазин

Автор: Петре Климески

 

 

Last modified on Недела, 02 Март 2014 - 02:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.