Ода за упокоениот Пастир

Петок, 30 Ноември 2018

Пишува Бошко Нацевски со пиетет за Ахиепископот  Г.Г. Гаврил во време кога неговите наследници во МПЦ се престорија во трговски панаѓурски џамбази 

 

 

Г.Г. Гаврил, упокоениот некогашен поглавар на Македонската православна црква, својот живот го зврши во двособно станче, што претсмртно му го остави во наследство на свештеникот кој се грижеше за него. Беше олицетворение на добродетел и врвен интелектуалец и полиглот, кој во својата длабока старост и видливо нарушено физичко здравје, направи напор, Библијата да му ја доближи на својот верник, преведувајќи ја на македонски јазик.

Се присетив со пиетет на ликот на архиепископот Г.Г. Гаврил, на неговото блажество, на неговиот животен, морален и духовен аскетизам, зашто Тој, човекот, и не само верникот, го љубеше немерно повеќе од личното високосвештенско его.
Се присетувам со восхит на Г.Г. Гаврил, токму овие дни, кога неговите наследници повторно аветно ни се појавија од небесите на нивната надземна залелеаност, престорени во трговски панаѓурски џамбази.
Се присетувам на Г.Г. Гаврил, на тој високодостојник, кој секое човечко суштество го ословуваше со ,,брате", или ,,чедо божјо" и замина од овој свет тивко, само со крстот.
Се присетувам секогаш на Г.Г. Гаврил и неговото милозвучно глаголење, кога без ронка резерва и влакно на јазикот, со видлива сет, ќе речеше дека не навтасале времиња на морална скудност, кога и ,,ѓаволи се вовлекле во свештенички мантии".
Се присетувам на Г.Г. Гаврил, кој не ги милуваше помпите и фанфарите и никогаш, дури и тогаш кога му ја ставија на главата златно-срмената архиепископска круна и беше седнат на Светиклиментовиот трон со илјадолетна древност, остана на земја - со човекот, верникот, простосмртникот.
Се присетувам на упокоениот некогашен поглавар на Македонската православна црква секогаш кога сакам да заборавам дека мантијашка братија може да ги сквернави божјите заповеди и древните црковни канони.
Да беше жив, Г.Г. Гаврил, тој интелектуален и човекољубив фанатик, можеби ќе ме прекореше, зошто сега, после толку години, ја беспокојам неговата упокоеност. Тој, не беше толку нереален верник, колку што сакаше да е реален, овоземен човек, со сето сочуствие кон паствата. А уште повеќе, кога знаеше дека во црковните храмови ме носеше љубопитието за древноста на нашиот духовен корен, а не современиот театар во нив.
Нека е ова моја ода, за упокоениот пастир, Г.Г. Гаврил.

Автор: Бошко Нацевски

 

Last modified on Петок, 30 Ноември 2018 - 17:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.