Правда за Мила

Петок, 01 Февруари 2019

Пишува Ида Протуѓер: Скандалот со злоупотреба на 19 милиони евра од ПИОМ се претвори во мобинг од ДУИ кон министерката Царовска

 

 

Скандалот со злоупотреба на 19 милиони евра од ПИОМ се претвори во мобинг од ДУИ кон министерката Царовска - пишува Ида Протуѓер:

Заев да го седне коалицискиот партнер и да ги прибере министрите од ДУИ затоа што ова што го прават на Мила Царовска е мобинг.
Груби и Османи велат дека не било злоупотреба на парите што "по грешка" не завршиле во вториот столб, според законот. Па да ги прашам: „Ако некој по "системска грешка" платата наместо на нивна сметка, ја префли на сметка на нивен колега тие ок ќе бидат со тоа вака искрено? Или ќе врескаат дека им е украдена дури и да им биде по "системска грешка" префрлена на хуманитарна организација?“

Кога се носеше пензинската реформа, граѓаните имаа право да одлучат дали придонесите што ги плаќаат ќе им се чуваат во ПИОМ или дел во ПИОМ и 6% во приватниот, задолжителен втор столб. И на тие што штедат во вториот столб буквално им биле украдени парите, можеби по "грешка", тоа истрагата ќе утврди, но не стигнале на нивна адреса. Исто како што платата на Османи ако стигне на друга адреса, тој ќе рече дека му е украдена затоа што не ја добил како што му следува.

Фото: Бујар Османи им се закани со тужби на сите (партии и медиуми) што го ставиле ДУИ во контекст на обелоденетиот случај со злоупотреби во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување

Исто така, кога се носеше пензинската реформа, имаше три сценарија за тоа колкава ќе биде "дупката" во ПИОМ поради одливот на парите во вториот столб (затоа што нашиот пензински систем е таков, што од сегашните придонеси се исплаќаат сегашните пензионери). Дупката излезе поголема и од најпесимистичкото сценарио затоа што во калкулациите не беше предвидена варијаблата масовно иселување од Македонија, па буџетските трансфери кон ПИОМ беа се поголеми. Но кусокот на пари за пензии (ако е во право Османи) секако не е грижа ни на сегашните, ниту на идните пензионери туку на државата. Можело да се побуни Османи или Груби кога се граделе споменици и барок зданија, па не биле доволни можеби буџетските трансфери кон ПИОМ, а не да се бунат кога се нарушува темелно довербата во државата дека законски располага со парите на идните пензионери.
Добербата во здравството е на најниско ниво, довербата во правната држава е на нула и сега се уништува довербата дека некој правилно располага со придонесите. И тоа бара темелна истрага и одговорност, а не мобинг врз министерката која се бори против актите кои влеваат недоверба.

Автор: Ида Протуѓер

 

Last modified on Петок, 01 Февруари 2019 - 02:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Сара, Андреј и Љупчо прваци по биологија во Општината, 2 и 3 место на државно

Седмо одделенецот Андреј Димов од ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија неделава на

Повеќе

Донесени мерките од 5-от пакет економски мерки за граѓаните и фирмите

Од присутни 114 со 113 гласа „ЗА“ Собранието го донесе Законите за финасиска

Повеќе

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.