Оценка на новинарот и колумнист Бранко Тричковски за историскиот ден за Македонија - потпишувањето на пристапниот протокол за членство на Македонија во големото семејство на НАТО Алијансата:
Што да се каже: нацијата ни' е утепана до таа мерка што не е во состојба на адекватен начин да реагира на еден историски чин каков што е потпишувањето на Протоколот за членство во НАТО од страна на сите 29 земји членки на Северноатлантската алијанса.
Таков ми е впечатокот.
Можеби не сум во право.
Јас не спаѓам во утепаните и затоа ќе кажам: Македонија денеска влезе во нова димензија. Објавата од Брисел ги брише не само безбедносните прашалници што стоеја пред иднината на Македонија, туку и многу други опасности кои произлегуваа од внатрешната неконсолидираност, да не речам упропастеност. Тоа не значи дека стануваме Медена земја, но сигурно значи дека се обезбедуваат најдобри можни надворешни и внатрешни услови да се оправиме и да тргнеме напред. НАТО и Македонија ја добија геополитичката битка за европските перспективи на Македонија во судирот со еден сериозен надворешен конкурент помогнат од внатрешните сили на регресијага хаосот и распадот. Таа шанса Македонија мора да ја зграпчи. Тоа е една сосема друга слика во која нема да има или не би требало да има место, за опсесијата и вниманијата кон тупавите и глупави пројави на тема за националните и државни интереси надвор или контра од овие остварувања, сеедно дали доаѓаат кд Будимпешта или од плоштадот на ВМРО.
И во ова и во сите други прилики, мораме да знаеме да им одаваме признание и почит на тие што се најзаслужни са овие дострели: премиерот Заев, неговата владина екипа предводена од министерот Димитров, Шекеринска, Османи, на Собранието и претседателот Џафери, на шарените и други револуционери итн.
Автор: Бранко Тричковски