Грешка
  • JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со id: 43

Кога мртвите се вечно живи, а живите се веќе мртовци

Петок, 14 Март 2014

Тодор Петров го навлече гневот на социјалните мрежи откако напиша „Киро Глигоров скапува во Бутел, наскоро таму друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски“

 

„Легендарниот“ Тодор Петров, со еден несмасен и во основа нечовечен коментар, ја згрози јавноста до степен на експлозија во сајберпросторот, особено по социјалните мрежи. Секако, најпаметни беа оние кои повикуваа „да не се троши време, простор и нерви на една таква пројава!“. Па, сепак, станува збор за „некој“ кој е парадигма за македонските состојби, ако ништо повеќе, тогаш барем за едно партиско, ментално и интелектуално милје кон кое инклинира односниот господин. Да не заборавиме, беше пратеник, а пред пет години, макар и како спаринг- партнер на Иванов, му беше дозволено да влезе и во изборниот ринг за шеф на државата. Петров е уште и „светски“ господин, бидејќи, нели, ги самопретставува сите Македонци, каде и да се во светот: од Пустец до Лонг Ајленд и од таму до австралиските челичарници и планинските бушови.

Претпоставувам, во име на сите македонски голготи, од овдешната стаменост до семеридијанското расејување, Петров беше се внел во творечки занес и напишал колумна со поента: „Киро Глигоров скапува во Бутел, наскоро таму друштво ќе му прави и Бранко Црвенковски“. Дури и да не сакал (не знаел) парадемохристијанинот Петров, на христијанството и верувањето воопшто, му залепил универзална и севремена шлаканица - одовде (и од денеска наназад) се' до Исуса Христа. Ништо не го пере (ниту матен Вардар) дури и да не знаел дека основата на Христовото и на сите други учења е емпатијата: не му го прави (посакувај) на другиот она што не сакаш да ти се случи тебе.

„Секоја чест“ на малкумината што застанаа зад бестијалноста и простаклакот на писателот (имаа разбирање за „подвигот“ на братот!) ама апсолутното мнозинство не го криеше своето згрозување. Имаше и такви, за среќа во занемарлив број, кои му вратија „мило за драго“ со неговите зборови и асоцијации - што е подеднакво за осуда. Очекувано, не изостанаа и чисто политички пораки, во смисла: еве зошто не треба да освојат 62 пратеника! Кажано со други зборови, тоа би можело да звучи и вака: еве зошто на изјавата на Петров требаше да реагираат (осудат) и од официјалните места (партиски и институционално државни), кои народот ги препознава, меѓу другото, и по блискоста со Тодора. Исто како што требаше да се реагира и на глупоста на она „наполеонче“ поставено на висока државна позиција, од која божем не' внесува во Европа, а кое се исмејува со физичките недостатоци на ќерката на Венизелос. Во моментов токму Венизелост ја застапува Европа пред нас. И, барем толку доблест: не гние Киро Глигоров - претседателот, туку неговите посмртни останки што е и нормално (природно). Глигоров - претседателот, сакале тие да признаат или не, ќе биде историски вечно жив. За жал, многумина „тодорпетровци“ гнијат и додека се живи! Нешто како живи мртовци!

Глигоров, како и сите ние беше простосмртник, со сите доблести, мани и политички грешки кои, дури и да сакаат, не можат да ги скријат неговите поддржувачи. Само од времето нема бегање и само тоа ќе ги просее и ќе ги постави нештата на вистинското место. Но, сепак, Глигоров е првиот претседател на оваа земја кој, макар и „привремено“, го внесе името (и зборот - македонски) во ОН. Да не беше Глигоров, во најсудбоносните денови по овој народ, одамна, и многумина од нас, ќе гниеја во буквална смисла. На „тодоровци“, ќе им пренесам едно сведочење од мене забележано („Рани спомени“ 2011 - „Макавеј“). Кога со „големиот“ генерал од „силната“ ЈНА го договарал заминувањето од Македонија, на прашањето: Дали ќе им дозволиме дури и штекерите и искорнетите кабли (!) да ги понесат, Глигоров беше му рекол: „Понесете се', се' ќе ви дадеме и на крајот со коктел ќе ве испратиме! Сето тоа не вреди ниту колку еден човечки живот“. Ете, затоа ќе биде вечно жив, ете затоа не го сакаат живите мртовци.

Тие што требаше да реагираат, а не реагираа, тие што му „повладуваат“ на еден Петров и не го казнуваат она партиско гребаторче од Секретаријатот за европски прашања (уште и државен секретар!), сепак, треба да знаат дека ги потценуваат и народот и неговата интелегенција. Најверојатно и огромната моќ на социјалните мрежи - како медиум, а над кои тие, сепак, немаат контрола. Залулкани во огромната рекламна машинерија, во својата медиумска империја - поткупена со парите на народот. Има една народна која вели: за секој вагон има патници! Можно е токму за „професионализмот“ на Сител да има најповеќе патници во Македонија, но е можно - во вкупниот пад на гледаноста, најголем да е делот, токму, кај сителовци. Социјалните мрежи се тие кои ги носат новите револуции и уриваат се' пред себе - од пустелиите по Африка, до срцевината на Европа. Достапни за социјално онеправданите, финансиски раслоените, до кожа оголените, празни во џебовите и со само по една мотка во рацете. Кога тогаш, таа ќе заигра и кај нас. Потценувањето е, велат, слепа улица. Особено на народот.

Секој си има право да глорификува и да потценува, но, исто така, секој ќе си го добие својот Газиместан - каков што си го заслужува! „Подобри сме и од самите себеси - никој не смее да го заведува овој народ!“ Ви звучи ова познато од некаде, нели? Охриѓани се испотепаа, нагрнаа во „спонтана“ поворка: кој побрзо да го даде потписот за кандидатурата на „свеучилишниот“ државник, кој од аулите на култниот универзитет „Ломоносов“ ги „задолжи“ откривајќи им го Георги Маленков (другарот по сатар на Сталин), како нивни сограѓанин! Дури и семејната лоза ја кажа. Маленковци самите нека се определат: дали ќе се гордеат или ќе се срамат, но наше е да кренеме глас за колективното страмотење од страна на првата државна глава. Партискиот лидершип има право да си избере кандидат по своја мера. Секако, подобар од Иванов не може да нацрта ниту Ван Гог, те макар го цртал и без двете ушиња. Тој и со едното (политичко) слуша сосема доволно! Никој не го оспорува правото на политички комодитет и никој нема право да ја потценува интелектуалната, колективна свест на народот. Oсобено кога „еден е изборот“ и кога мотивите ни се во безгрешноста, да си ја провериме или барем да ја тестираме исправноста на одлуката за повторната номинација. Уште и ќе го гласаме во вториот пратенички круг за да има кој да го гласа!?

Секој има право да побара уште прстиња во парламентот: не 62, туку и 123. Но, потценувачки е кога тоа се бара со образложение: да не не' уценува партнерот! Истиот оној што доброволно (ако веќе не е самоиницијатниво) беше внесен во власта во 2008. Заедно со „демократскиот“ исчекор: Секоја наредна и „народна“ влада да биде составувана со победниците од двата народа, преку широко отворената порта за поглавичката демократија, двовластие, федерализам. Кој министер од ДУИ денеска одговара пред премиерот? Кој денеска може да и' верува на Бонева (таа и самата не си верува во она што го зборува!) дека „гласаат за распуштање на Собранието на Македонија, затоа што не прифаќаат уцени и условувања!“.

Автор: Веле Митаноски

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Две први и 1 второ место за учениците од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија

Он лајн учењето изгледа не им нашкоди на нашите ученици во постигнувањето

Повеќе

Недела на солидарноста во организација на Црвен крст Гевгелија

Црвен крст Гевгелија организира хуманитарна акција во соработка со Црвениот

Повеќе

Донација на Царинска Управа за „Родителската куќа“ на децата болни од карцином

Со традиционална хуамнитарна акција на вработените од Царинската управа, а по

Повеќе

Нова пресуда за Мијалков: 8 години затвор за „Трезор“

Вкупно 28 години затвор за четворица обвинети во случајот „Трезор“ кој се

Повеќе

Камчев останува во Шутка, одлучи Кривичниот Суд

Притворениот Орце Камчев останува зад решетки, во притвор во затворот „Скопје“

Повеќе

Почина Д-р Билјана Ичева

Докторката Билјана Ичева, (1959-2021 г.) вработена во Негорските минерални Бањи

Повеќе

Кривична пријава за гевгелиски угостител

Две кривични пријави за прекршување на здравствените прописи против ковид-19

Повеќе

МВР: Приведени шест лица од криминалната-нарко група

По вчерашната успешна акција на МВР заедно со Американската Агенција за

Повеќе

Гевгелија 1,5 век железничко-трговска трансверзала со Европа

Поставувањето на Железничката пруга во Гевгелија кон крајот на 19 век

Повеќе

МВР: Запленета дрога во вредност од 800.000 евра

МВР денеска во полициска акција организирана заедно со американската агенција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.