Топ Новости

Рано е националистите да се вратат на власт

Вторник, 30 Април 2019

Денко Малески: За „посигурната страна“

Поранешниот министер за надворешни работи на Македонија и еден од посочуваните можни кандидати за претседател на овие избори 2019 со своја колумна посочува за избор на „посигурна иднина“ од страна на граѓаните во нашата држава. Еве како ја образложува посигурната иднина и нејзиниот правилен избор:

Само антикомунист како американскиот претседател Ричард Никсон можеше, без поголеми домашни потреси, да ја отвори новата ера на односи со комунистичка Кина. По истата логика, мислев дека само макеодонските националисти, без поголеми домашни потреси, можат да направат компромис со Грција и да отворат нова ера во односите меѓу двете земји.

Оти, либералните луѓе од двете страни на границата, Грци и Македонци, ниту имаа проблем со името, ниту со словенскиот карактер на нашата нација, па за нив конфликт и немаше. Компромисот беше потребен заради националстите. Но, очекувањата македонските националисти, оние кои зборуваат за поделена македонска држава (пред да постоела) и за географска Македонија како наша етничка територија, да го решат спрот, не се остварија. Решението, како и она од 2001 година, кога земјата беше поставена на колосекот кон мултинационална држава, дојде под притисок од Западот. И, што правиме сега? Партијата на социјалдемократите, која и самата играше со името и идентитетот кога беа во прашање гласови на избори, а не партијата на националистите, се нагрби со задачата да го реши спорот.

Преспанскиот договор, тој драматичен момент од нашата историја, ги стави партиите пред алтернативата да се обединат околу заедничката мака или националистите да ја искористат маката на социјалдемократите за да победат на претседателските избори и за да предизвикаат предвремени парламентарни избори. Како секогаш, ја одбраа втората, полесната стратегија која не бараше од нив самопреиспитување и менување на курсот. Влегоа во уште еден обид да исцедат од граѓаните онолку патриотизам колку што останал после сите избори во независна Македонија. Така, не препознавајќи го историскиот момент, партиите пропуштија да се обединат околу една нова политика која забрзано би не водела во ЕУ, па она што не чека е повеќе од веќе виденото во нашата политика: споро и мачно ќе се пробиваме и ќе не теглат напред.

Претседателскиот кандидат на македонските националисти бара да дојде на власт таа и нејзината партија за да раководат со Република Северна Македонија. Со решен спор, на готово, што би рекле. Ем не се согласуваат со новото име, ем се спремни да водат држава која што има ново име. Ова е реприза на поведението на македонските партии од 1993 кога сите ја осудија и ја отфрлија референцата од ОН, Поранешна југословенска република Македонија, ја префрлија вината врз Глигоров и кротко си ги завзедоа местата во меѓународните форуми позади таблата на која беше испишана референцата. Заедничкиот именител на тогашното и сегашното поведение на партиите и на политичарите е – поривот за власт, по било која цена, вклучувајќи ја и онаа да се седи зад „срамното име“. Ама, работите ќе ги змениме! Меѓународна комисија на експерти сигурно нема ни за милиметар да промени нешто што е предизвикано и од поместувањето на политичките тектонски плочи врз кои почиваат односите помеѓу Западот и Русија. Една просветена публика, само би мавнала со рака на такво наивно размислување, но, оние на кои вистината им е мила, би го нарекле свесно изговорена лага заради гласови. Но, лагата не е некаква особена вредност во македонското општество па лесно се простува.

Во секое зло, добро. Доброто е што, иако ништо веќе не може да се смени во поглед на Преспанскиот договор и земјата има отворен пат напред, кога националистичката опозиција ќе дојде на власт, на Договорот ќе му ја даде легитимноста и од онаа половина од општеството која ја застапува. Така, со време, сосема постепено, идејата за Преспанскиот договор ќе завладее со свеста на населснието. Тоа ќе се случи токму благодарејќи на сегашните политичари кои за да завладеат се спремни да ги предадат истите оние патриотски чувства кои денес ќе ги лансираат во власта. Имено, критика од позиција на политичка опозиција е лесна затоа што критичарите ја немаат одговорноста на владеењето. Но, докажано е дека доаѓајќи на власт и станувајќи свесен за одговорноста и за реалностите на домашната и на меѓународната политика, политичарот знае своето екстремно поведение да го трансформира во умерено. Тоа ја чека ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат доколку им успее, со популизам, да дојдат на власт во блиска иднина. Лично мислам дека тоа би било прерано и лошо за државата, дека ќе загубиме во темпото на приближување кон ЕУ, а новата власт би можела да ги закочи преговорите со Бугарија и да ги искомплицира односите со Грција со некои свои несмотрени изјави или потези.

Затоа, да сме на сигурно, значи да ја поддржиме линијата на кандидатот на СДСМ и ДУИ и група помали партии, Стево Пендаровски. Побезбедно би било, мислам, временски, што повеќе да се одалечиме од оваа жешка точка на решавањето на спорот со Грција, пред македонските националисти, повторно да ја добијат шансата да управуваат со државата, Република Северна Македонија. Во меѓувреме, тие треба да се покажат како вистинкси борци за правда со примерот кој ќе го дадат: фер судење и заслужени казни за нивните поранешни раководители кои ја злоупотребувале својата функција. Тоа ќе ги легитимира и дома и надвор како борци за правда и за правна држава, повик кој денес го има призвукот на амнестија за кршењето на правото од нивни луѓе. Затоа, во власта тие ќе влезат со коруптивниот багаж кој ќе го влечкаат зад себе.

Автор: Денко Малески
Извор: Либертас 


 

Last modified on Вторник, 30 Април 2019 - 20:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.