ПЕНКАЛОТО со кое го испративме Оној во Орбан Варош да го употребиме и во среда

Недела, 12 Јули 2020

Поранешниот министер за култура во Вадата на РМ, истакнат културен работник Ѓунер Исмаил со свој став дека битката со фашизмот кај нас не е завршена : Флоскулата „Со пенкало срушивме режим“ има ново продолжение „Освојување на слободата повторно на 15 јули“. 

„Гледам дека европските ултра-десничари (“се јавија“ Орбан, Јанша, недостасува Брејвик!) прилично се вознемирени од тоа дека нивните пулени овде се кинисани приудолу. Ги имаат вклучено сите, воглавно подземни, ресурси, да спасат барем нешто за да им се најде “за утре“. Растрчаните припадници на злосторничкото здружение не се стеснуваат од употреба на сите можни средства, вклучително нели за тоа што се специјалисти-Боксови, Црна Пропаганда, подземје, насилие.

Да се подсетиме.
Одкако им пропадна обидот од 27 Април да направат Државен Удар, да го убијат Заев и уште неколкумина, та дури и граѓанска војна војна да предизвикаат, прејдоа на “План Б“.
Уследи тригодишна жестока пропагандна кампања со кодно име “Држете го арамијата“ со која мислат дека еден дел од граѓаните успеале да го поколебаат. Материјал за тоа, ако и го немаше, го создаваа со оглед на тоа што 11 години фашизам подразбира цврста спрега со се' и со сите кои се криминалци, или пак имаат криминални намери.

Да видиме како тоа ќе го прочитате драги мои пријатели. Ако нешто не Ви е јасно, пребришете ги подизвалканите наочари и на 15 Јули, ПЕНКАЛОТО со кое Оној (да не му споменувам име) го испративме на привремен престој во Орбан Варош употребете ги и за оваа битка. Војната со фашизам, ако мислевте дека се добива лесно со само една битка и дека “медот и млекото“ само што не протекле од чешмите, не се добива. Следи оваа битка во средата пред нас. Па потоа уште многу, многу битки и најтешката СО САМИТЕ СЕБЕ. Треба да ги наполниме нашите опустошени души, зошто Оној и Бандата не ја опустошија само државата, туку и се' што им беше достапно. Цената на тоа што преживеавме не е мала и не сум сигурен дека секогаш сме свесни СО ШТО ТОА СМЕ ГО ПЛАТИЛЕ и колку пати сме замижале, колку пати сме ја завртиле главата, колку пати сме си рекле “имам деца за гледање“, колку пати сме го изговориле она фамозно “не сум по политиката“. Нели? Можеби денес Ви е лесно да си ја дезинфицирате совеста со дезифициенсот со име “Сите се исти“, ама Тој трае само до првиот агол, а зад аголот ве чекаат само бандити и никој друг!

Значи, настаните 27 Април 2017 беа само полу-финале на материјалното, моралното уништување на земјата. До финалето ИМА УШТЕ и чекорот во Среда е токму тоа. Уште еден чекор до ослободувањето на Државата.
Ај одспијте, одморете, ставете маски, ПЕНКАЛОТО в‘раце и правец....“


Автор: Ѓунер Исмаил

 

Last modified on Недела, 12 Јули 2020 - 18:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.