Обвинителство „на миг“ и резултатите на ДИК

Сабота, 18 Јули 2020

Често пати самиот себе се прашувам што треба да се случи во оваа земја, за брза и одлучна реакција на Јавното обвинителство. Понекогаш замислувам реакција каква што уште може да се види во филмовите, но кога за миг ќе се вратам во реалноста, повторено останувам со истото прашање: Кога, навистина, ќе ни се случи да имаме ефективна и адекватна реакција на Обвинителство?
Малку недистигаше да имаме обвинителска реакција по завршувањето на вонредните парламентарни избори, односно по објавата на некои чудни бројки на сајтот на Државната изборна комисија.
Дали сознанието дека и по три дена сајтот не е во функција и дека на него беа објавени „фалсификувани“ изборни резултати е премалку за Обвинителствто? Дали сознанието дека некој, на своја рака, го сменил софтверот на системот на ДИК не е основа за поведување (пре)истрага? Дали сознанието дека Бирото за јавни набавки (БЈН) дало негативен одговор на барањето на ДИК за набавка на софтвер за веб сајтот со непосредни преговори и без објавување на оглас, не е доволно некои луѓе да беа спроведени во Обвинителството на распит? Дали непосушноста на одговорно лица во ДИК, односно нивното самоволие да си постапат онака како што сакаат, не е доволно тие сега да се во затворот во „Шутка“?

Претседателот на Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето, Јавниот обвинител Џелал Бајрами, констатира дека „парламентарните избори се одвиваа во мирна атмосфера, без значителен број на изборни нерегуларности“. Ако се следи ставот на Обвинителството може да се констататира дека изборите, (можеби како никогаш порано), минаа во исклучителна фер и мирна атмосфера, но што ќе правиме со резултатите што ги соопшти ДИК?
Дали ќе се правиме слепи при очи и ќе се согласиме дека ДУИ и Алијансата на Албанците се партии и коалиции кои го „освоија“ Карпош, Радовиш, струмичко Ново Село, делови од Кисела Вода, односно места каде што никогаш порано не освоиле повеќе од десетина гласови?
Не, нема дилеми дека нешто не е како што треба, бидејќи целата оваа работа со системот на ДИК и со нивната веб-страница некако „се чувствува“ на далеку. Како граѓанин, но и како гласач сакам да знам зошто, на само една недела пред избори, бил елиминиран системот за управување со изборни процеси – „I Vote demokra“, кога истиот тој систем се користи уште од 2006. година?
Што толку, драстично и драматично се промени па мораше да се бара алтернатива, во непосредна спогодба и на само една недела пред избори?
А дека нешто не е како што треба сметаат и во граѓанската асоција „Мост“ од каде велат дека „нападот врз страницата на ДИК отвора сомнежи за испланирано сценарио за нарушување на довербата“.
Она што мене ме интересира, а повеќе би требало да го интересира јавниот обвинител, е изјавата на претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, дека тие биле цел на хакерски напад од надвор! Од каде го знае ова Оливер Дерковски? Некој му го кажал или си знаел од порано?
Каков и да биде одговорот многу е сомнително, оти без да се спроведе истрага, само претседателот на ДИК ја знае причината за нефункционирање на системот и тоа ни го соопштува од една телевизија!
Јас не сум тој кој треба да го истражува овој случај, ама затоа, инсистирам тоа, во мое и во името на стотици илјади гласачи, да го стори Јавното обвинителство. На Обвинителството е да открие зашто милиони Унгарци биле „закачени“ на сајтот на ДИК! Дали Унгарците навистина се толку заинтересирани за изборите кај нас или зад „групната посета“ стои нашиот бегалец во Будимпешта?
Многу прашања, а само едно Обвинителство. И токму од тоа едно се очекува реакција „на миг“!

Автор: Љубиша Станковиќ
Извор: Правосудство


Last modified on Сабота, 18 Јули 2020 - 13:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.