Прваче порано и прваче во време на корона

Вторник, 01 Септември 2020

Денес е 1-ви септември, официјален старт на учебната година, но и година на пандемија која ја одложи оваа редовна школска активност и ангажирана семејна подготовка за новите првачиња. Пандемијата го сврте светот по други димензии на однесување, не само лични, туку и општествени. Еве како Божидар Божиновски ги гледа првачињата некогаш и во корона време:

Прваче на времето:
– Те капат ако не е недела, чистење уши, сечење нокти, прва лекција основи на добро однесување на школо: биди добар другар, наставничката слушај ја, немој да мочаш во ќошот…
– Една слика имаш и таа ќе го осветлат филмот и немаш појма како си изгледал.
– Те облекуваат во то шо го носиш за Велгиден в црква, демек дотеран да си.
– Туркаат една чаша вода пред да заминеш на школо со лесно да е.
– Толку!

Прваче не толку порано:
– Закажано на фризер уште ко излезе таблото дека дипломирал успешно во градинката „Весели цветови” и не се бендисал на сликата оти не личел на Бекам. Нормално фризура се прави да личи ко кога ќе туркаат паста за заби на четка по рекламите, крената на една страна нагоре. Стилистот дава зелено светло дека младунчето е спремно за прв час.
– Шопинг во Солун сонценцето на мама да изгледа најубаво за Фејсбук. Има осум комбинации од кои три се со дрвена лептир машна и карирани кошули. Трошат повеќе пари за облека отколку ти за матура, двете вечери.
– Албум на Фејсбук „ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН НА МАКСИМИНИМИЛИЈАН ЛЕО ❤ ❤ ❤” 274 слики, 4к ХД, седум пати лајв уклучување, сниматели шо снимаат свадби и снимки со дрон како оди Максиминимилијан Лео до школо.
– Нема само туркање вода… Банкет! Поканети роднини со персонализирани покани каде што подмладокот е сликан со оние коцкести капи ко да завршил на Оксфорд, поп да ја спеј чашата со вода, сите се радуваат на големиот успех дека успешно дишел и не умрел 5 години па сега тргнува на нешто шо е задолжително по закон.

Корона прваче:
– Цел ден гледа „Пепа пиг” и „Бејби шарк” на Јутуб на мобилен додека татко му се расправа на Фејсбук дека онлајн не смеат децата да учат зато шо ќе немаат интеракција. Последен пат имал интеракција ко ја скрши малиот ногата па овој му викаше „Па ќор си, пичка ти мајчина, гледај кај одиш”.
– Ќе касни еден месец, шо не е страшно во држава шо касни 114 години на светот.
– Мајката бара уникатна маска за да биде најубаво сонценце на свет. Од Али Експрес. Маската, не сонценцето.

Автор: Божидар Божиновски - Фејсбук статус


Last modified on Вторник, 01 Септември 2020 - 18:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.