Топ Новости >

{flike}

И покрај сите препреки со кои се соочуваше Специјалното јавно обвинителство, крајните резултати од нивната работа се навистина импозантни. Токму поради тоа плачот на лидершипот и нивната “интелектуална елита” е волку голем. Нивните лица говореа повеќе од самиот Груевски на прес конференцијата во четвртокот. Мислам дека и тие конечно можат да го видат својот крај.

Ниту секојдневните лекарски третмани во болницата на еден познат олигарх, неможат да го задржат Груевски смирен. Тоа патем се виде на самиот прес. Човекот едвај го држеше листот со неговиот говор.

Атмосферата во белата палата пак полоша и од онаа на 11-ти декември вечерта. Како на погреб! Фалеше само уште вознемирената Гоца да пушти некоја солза, иако едвај се воздржуваше да не го стори тоа.

И така укакани, смртно исплашени, со нова пелена на себе, треба да ја бранат партијата која им е нападната. Сега секој од нив е исправен пред клучната дилема, “да бегаме или да се предаваме”.

Кој ќе биде наследникот?

После се ВМРО- ДПМНЕ го очекува доста тежок период. А како и поинаку би поминала партијата која го организираше насилството на 27-ми април, која крадела избори, која земала провизии, која праќала луѓе во ендеци?

Во таа партија веќе никој не размислува за претстојните локални избори. Единствената нивна програмска определба во овој период е спасот на нивната прва петорка. Тоа ја прави таа партија “заробена партија” од страна на неколкумина ликови, кои истата ја користат за нивно лично спасување. Крајот на ова раководство е повеќе од очигледен. Прашање е само кој ќе го наследи Груевски на неговото место во партијата?

Во овој период речиси сите се занимаваме со тоа кои од раководството на таа партија се наоѓа на листата на обвинети, а забораваме да погледнеме кој е изоставен од тој список. На таа листа можеме да го бараме евентуалниот наследникот на Никола Груевски. Ако се точни муабетите дека во четвртокот вечерта кога цела партија беше избезумена, Влатче безгижно дегустирал шампањ на Кале, тогаш сигурно некој во него гледа нов можен лидер на ВМРО- ДПМНЕ. Наместо “да си го мери” со своите сопартијци пред Кривичен, тој пошол на баци рака кај македонската испостава на лошиот чичко Сорос т.е кај мистер Бејли.

Груевски и братучедот барајќи ги “нашите” во тефтерчето на Гордана Јанкуловска, во пресрет на жешкиот викенд, испуштиле веројатно да видат кој не дошол на наградната игра пред Кривичен.

Измеќари

Последната анкета на Брима Галуп ги стиши вмровците во барањето на итни предвремени избори. Анкетата која е правена веднаш по гласањето на новата влада, за прв пат по единаесет години покажува предност на СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа трендовите се запрепастувачки. За целиот период на оваа политичка криза, после сите бомби кои ги слупнавме, имавме намалување на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку проценти. Во последното мерење на политичкиот барометар, нивниот рејтинг е речиси преполовен. Ова намногу говори за измеќарскиот, клиентелистичкиот менталитет на македонскиот граѓанин. Сега сите, почнувајќи од интелектуалци, бизнисмени до вработени во јавна администрација, поиитаа побрзо како паразити да се налепат за новата владеачка гарнитура. Некој за плата, некој за хонорарче, некој пак за тендерче. Дај шта даш.

Токму поради ова ни се случи Груевски. Што би рекле “Каков народ, таква власт”.

Се чуствува еден бран на незадоволство и во самата ВМРО- ДПМНЕ. Или пак можеби и не станува збор за незадоволство, туку за начин како од најниските ешалони да се стигне на чело на таа партија. Овие млади дечки такозвани “реформатори”, молчеле цело ова време за да не и наштетеле на партијата. Државата ионака никогаш не им била толку битна. И сега ние треба да поверуваме дека овие ќутолози имаат капацитет да направат вистинска реформа таму, и да променат нешто во функционирањето на таа партија. А што чекаа до сега? Да се расчисти маглата на политичката сцена за да почнат да го чистат џубрето што им се насобрало дома? Добро звучат овие реформаторски приказни, посебно ако се конзумираат пред селска кооперација заедно со шише пиво и ефтина салама.

Автор: Вуко Мелов

Во Гевгелија одбележан Националниот ден на власите

Членовите на Здружението на власите од општина Гевгелија „Мегленија“, денеска го одбележаа 23 Мај Националниот ден на власите

Повеќе

Груевски осуден на две години затвор за случајот Тенк

Шест години и шест месеци казна затвор за Ѓоко Поповски и две години затвор за поранешниот премиер Никола Груевски

Повеќе

По 15 години конечно ТВ Дуел на партиски лидери

Утре на МТВ во 20 часот ТВ Дуел помеѓу премиерот и лидер на СДСМ - Зоран Заев, и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Повеќе

Случајот Триста на СЈО заврши со обвинение од 9 години затвор

Кривичниот суд во Скопје денеска ја читаше пресудата по предметот „Триста“ поднесен од СЈО и истиот заврши со обвинение од 9 години ефективна казна за Ѓоко Поповски поранешен помошник министер во МВР

Повеќе

Јован и Ана - второ место на Државен натпревар по физика

Во конкуренција на 99 ученика од исто толку училишта во државата, гевгелиските ученици Јован Петров и Ана Папалазова освоија втора награда

Повеќе

Ослободителна пресуда за случајот Поткуп

Зоран Заев е невин за „поткуп“ потврди денеска Кривичниот суд со читање на ослободителната пресуда

Повеќе

Гевгелискиот алпинист д-р Ѓорги Петков почина на пат кон Еверест

Хималајскиот портал „Тајмс“ од Непал денеска ја објави жалната вест за смртта на македонскиот алпинист Георги Петков кој од 23 март тргна на мисија за освојување на највисокиот врв на светот Монт

Повеќе

Владата го одби барањето за нови концесии за минерални испитувања на Кожуф

На 66-та седница на Владата, одржана на 2 мај годинава одбиено е доделувањето на концесија за детални геолошки истражувања на минерална суровина - металични минерални суровини на локалитетот

Повеќе

Меј: Вашата земја е интегрален дел од Европа

Заедничка прес конференција на британската премиерка Меј и македонскиот премиер Заев

Повеќе

Најавен можен финиш на спорот за името

Заев и Ципрас издвоиле една опција како можно решение на спорот за името

Повеќе

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.